• Latest

Правдата мора да завладее во оваа држава!

September 16, 2017
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Правдата мора да завладее во оваа држава!

September 16, 2017 17:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната конференција која ја организираше Комитетот за заштита на правата, се обратија еминентни правници кои застануваат зад идејата за фер и правично судење. Професорката Беса Арифи, професорите Гордан Калајџиев, Љубомир Фрчковски, и поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, кои се дел од експертскиот тим на Комитетот кој упати свои сугестии за реформите во судството, денеска им ја дадоа својата поддршка на жртвите на политички прогон во земјата. 

На Конференцијата се дискутираше за прашањата кои се дел од стратегијата за реформи на правосудството 2017-2021 со акционен план, во чие дополнување со свои предлози зеде учество и Комитетот.

Конференцијата ја отвори д-р Маријан Маџовски, претседател на Комитетот за заштита на правата, кој нагласи дека оваа асоцијација ја претставуваат членови од речиси сите политички монтирани случаи.

Слободан Богоевски

Почесниот претседател на Комитетот, господинот Слободан Богоевски, во својот воведен збор ги поздрави сите жртви на политички прогон во изминатите 11 години, потсетувајќи дека и самиот тој е дел од тој систем на „тираниско владеење и систем на брутална суспенизија на уставниот поредок и кршење на законите со тешки последици по судбините на луѓето“.

„Никој од нас и нашите семејства, кој ги издржал притворите, затворите, никогаш нема да бидат исти пред и по нанесените неправди. Нам никој не може да ни го врати изгубеното здравје, никој не може да ни ги врати луѓето кои починаа во притвор, во затвор, или беа пуштени да умрат дома за да не се зголеми статистиката на починати лица во затворите“, рече Богоевски.

Љубомир Фрчковски

Професорот Љубомир Фрчковски истакна дека не може да има нов почеток без да има правда

„Ние мора да направиме гест на дисконтинуитет со режимот кој беше базиран врз насилие и монтирани случаи, кој беше базиран врз насилство и партизација, која не доведе до состојба на украдена држава, чии жртви се конкретни луѓе со конкретни имиња, а не државата како ентитет“, истакна Фрчковски.

Гордан Калајџиев

 

Професорот Гордан Калајџиев вели дека овој тип на политички монтирани процеси, ниту е нов, ниту е симболичен, ниту пак се сретнува само во Македонија.

„За жал, оние на кои сме им дале серизони овластувања да одлучуваат за човековите судбини, повеќе или помалку, секогаш знаеле да ги злоупотребуваат. Она што е карактеристично за Македонија, се димензиите што не снајдоа во овие злоупотреби и во тоа што тие прераснаа во систем на едно тоталитарно општество каде судовите наместо да ги штитат граѓаните станаа алатка на политичката елита, којашто израсна во едно сериозно злосторничко здружување“, истакна Калајџиев.

Беса Арифи

„Ова е најважната иницијатива, којашто треба да добие глас во ова време“, рече професорката Беса Арифи, „бидејќи длабоко сум уверена дека без да се воспостави правда за овие случаи за коишто говориме денес воопшто нема да постои правда во Република Македонија. Втората најважна работа е што овие случаи ни покажаа дека како општество може да имаме многу проблеми, но имаме еден проблем кој не поврзува сите, без разлика на нашата етничка припадност“.

Павле Трајанов

Павле Трајанов потсети дека пред две години како пратеник предложи Закон за амнестија, и дека овој закон е подготвуван доста долго, дека се направени сите истражувања и споредбени податоци и влезе во собраниска процедура, каде имаше огромна поддршка, но тогашната владејачка партија започна силна кампања дека ако овој закон помине во Парламентот ќе се нарушат стабилноста и безбедноста на земјата.

„Јас верувам дека ќе добиете силна поддршка во Советот за реформи на судството и дека на сите вас ќе ви се обезбеди фер судење, и верувам дека голем дел од вас ќе имате и општествена и правна рехабилитација“, им се обрати Трајанов на присутните.

По обраќањето на правните експерти, на конференцијата се обратија и дел од жртвите на овие политички монтирани случаи, како и членови на нивните семејства.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Tags: Беса АрифиГордан КалајџиевКомитет за заштита на праватаконференцијаЉубомир ФрчковскиПавле Трајановполитички монтирани случаиправдаСлободан Богоевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ