Во просториите на ООУ „Лирија“ во Тетово, ЦИВИЛ организираше креативна работилница „Обединети против насилството“, како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.
Работилницата беше дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Тетово, локална самоуправа и полицијата за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.
На работилница учествуваа околу 25 деца од повеќе средни и основни училишта во Тетово што заеднички сликаа за „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.
Работилницата беше проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Тетово.
По работилницата, за време на доделувањето на благодарниците пред присутните се обрати претставник на Општина Тетово, претставник на СВР Тетово, како и претставници на ЦИВИЛ.
Б. Ј.