• Latest

Креирање на јавни политики во перспектива на европската интеграција

June 2, 2018

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Креирање на јавни политики во перспектива на европската интеграција

June 2, 2018 12:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

“Креирање на јавните политики во перспектива на европската интеграција” е тема на тркалезната маса во организација на ,Фондација Отворено општество – Македонија” и ,,Евротинк – Центар за европски стратегии”  што ќе се одржи во понеделник, 4 мај, во хотел Александар Палас со почеток во 10 часот.

Учесниците на  тркалезната маса ќе се обидат да дадат одговор на прашања какви се капацитетите на државните институции за креирање на јавни политики, како може да се надминат детектираните недостатоци во извештајот за напредокот кои се однесуваат на креирањето на јавни политики, колку е спремна администрацијата за процесот на преговори и што треба да се преземе за унапредување на меѓуинституционалната соработка во креирање на јавни политики. 

Целиот настан е организиран во неколку сесии. Во првата на тема „Како да го надоместиме изгубеното“ се очекува да учествуваат Радмила Шекеринска, министерката за одбрана и Самуел Жбогар, Амбасадорот на ЕУ.

На тема „Дали сме подготвени за преговори“, како учесници се најавени Бујар Османи, Заменик Претседател на Влада за Европска интеграција, Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Александар Николовски, Заменик претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Колески, Раководител за програмски развој, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Н.Е. Данијела Баришиќ, Амбасадорка на Република Хрватска во РМ и Андреј Енгелман, поранешен Заменик Министер за ЕУ прашања на Словенија.

На последната сесија ќе се зборува за креирањето, спроведувањето и следењто на јавните политики, а како говорници најавени се  Диана Жупанска од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, Гордана Гапиќ Димитровска, раководител на одделение за управување со процесот на проценка, објава и следење на регулативата во МИОА, Неда Малеска Сачмарска, Извршна директорка на Центар за управување со промени и  Ивана Најдоска од Институт за демократија “Societas Civilis”.

Тркалезната маса е дел од проектот Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформа на јавната администрација од  граѓанските организации. 
Б.Ј.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓанско општествоевропска интеграцијајавни политикиПреговоритркалезна маса
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ