“Креирање на јавните политики во перспектива на европската интеграција” е тема на тркалезната маса во организација на ,Фондација Отворено општество – Македонија” и ,,Евротинк – Центар за европски стратегии” што ќе се одржи во понеделник, 4 мај, во хотел Александар Палас со почеток во 10 часот.
Целиот настан е организиран во неколку сесии. Во првата на тема „Како да го надоместиме изгубеното“ се очекува да учествуваат Радмила Шекеринска, министерката за одбрана и Самуел Жбогар, Амбасадорот на ЕУ.
На тема „Дали сме подготвени за преговори“, како учесници се најавени Бујар Османи, Заменик Претседател на Влада за Европска интеграција, Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Александар Николовски, Заменик претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Колески, Раководител за програмски развој, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Н.Е. Данијела Баришиќ, Амбасадорка на Република Хрватска во РМ и Андреј Енгелман, поранешен Заменик Министер за ЕУ прашања на Словенија.
На последната сесија ќе се зборува за креирањето, спроведувањето и следењто на јавните политики, а како говорници најавени се Диана Жупанска од ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, Гордана Гапиќ Димитровска, раководител на одделение за управување со процесот на проценка, објава и следење на регулативата во МИОА, Неда Малеска Сачмарска, Извршна директорка на Центар за управување со промени и Ивана Најдоска од Институт за демократија “Societas Civilis”.