• Latest

Кремљ во расцеп на сопствената пропаганда и сѐ погласните критики за реалната загубена иницијатива во Украина

September 16, 2022
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кремљ во расцеп на сопствената пропаганда и сѐ погласните критики за реалната загубена иницијатива во Украина

September 16, 2022 08:19
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Последиците од најновиот развој во Украина за Кремљ сè уште се нејасни, но, експертите велат дека ако украинската контраофанзива продолжи со слично темпо, на Путин ќе му биде сè потешко да се претстави како силен стратег. Тој повеќе од две децении градеше слика за себе како силен воено-политички и двигател на меѓународната политичка сцена стратег кој може да ги надмудри западните лидери и да ѝ ја врати на Русија нејзината поранешна слава, иако тоа беше само негова лична фиксација, се соочува со најголемиот предизвик во својата кариера, анализира Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост

На почетокот на септември, украинската армија започна офанзива врз регионот Харков во земјата по што следеше повлекување на руските трупи од почетокот на војната.

Иако руското Министерство за одбрана технички го потврди повлекувањето, сепак остана на тврдењето дека целта на оваа нова „операција“ била да ги консолидира своите трупи во Донбас, а не да се повлекува пред офанзивата на војската на Украина и го употребија и повторуваа терминот – „перегрупировка“, односно прегрупирање.

Овој термин, но и други пропагандистички термини и оценки за тоа што се случуваше на теренот од 9 до 11 септември, беше заеднички именител на навлијателните руски медиуми и новинари.

Телевизискиот експерт Дмитриј Кисељов во „Вести на неделата“ на ТВ каналот Россија-1, говореше дека обидите да го спречи прегрупирањето на руските сили, украинската армија претрпела големи загуби и дека руските војници успеале да ја стабилизираат ситуацијата и да избегнат да бидат опколени.

Во делот за офанзивата на Украина на Купјанск, дописникот што се вклучи во емијата на Кисељов, тврди дека украинските сили пукале во цивилн станбени деклови и дека нивните единици се под команда на западни платеници.

На гледачите, исто така, им беше кажано дека украинските војници во регионот Керсон „не беа во можност да обезбедат придобивки што се чинеше дека може да се постигнат на почетокот на офанзивата“, и дека тоа е причината зошто укаинските војници почнале да „тероризираат цивили“.

Кисељов, исто така, тврдеше дека Украинците вршат операции на „прочистување“ во освоените територии и дека „неонацистите“ се заканувале дека ќе ги убијат цивилите што успеале да добијат руски пасоши.

Сето тоа е многу тажно, заклучува Кисељов во емисијата „Вести на неделата“ на ТВ каналот Россија-1 на 11 септември.

Водителката на „Неделен преглед“ на телевизијата НТВ, Ирада Зеиналова, без да навлезе во деталји за воените опеарции на теренот во емисијата го вклучи брифингот на портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, кој рече дека е во тек „операција за трансфер на војниците од насоката Изум-Балаклија за да се зајакнат позициите во областа Доњецк“.

Во еден сегмент на емисијата на Зеинаилова, снимен на теренот во Украина, се тврди дека борбите во регионот Харков се во тек, но дека „најлошото сценарио – опкружувањето на силите на Русија што Украина толку го посакува – не се оствари“.

Дополнително, репортерот од теренот, „украинско-американско-европските“ сили се во слаба позиција затоа што немале толку борбени сили колку што била ширината на фронтот, и дека Украина продолжува да „шири лажни извештаи за победа“.

И во втората најгледана политичка емисија на Россија 1, „Неделно време“ во изданието на 11 септември која се емитува во 21:00 часот, речиси и да не се спомна повлекувањето на руската армија на свероистокот на Украина.

Жестоки борби во последните денови: Елиминација на преостанатите милитанти, кои претрпеа огромни загуби додека се обидуваа да се пробијат до Керсон; Ослободување на стратешки важни делови во Донецк  и прегрупирање на војниците, рече водителот во најавата на емисијата.

И во оваа емисија гостуваше Конашенков кој говореше за загубите на Украина.

За „подвизите на војниците и командантите за време на прегрупирањето во Украина“ извести дописникот на телевизијата од Украина и го повтори ставот на Министерството за одбрана дека е во тек „операцијата за организирање на трансферот на војниците од областа Изиум-Балаклија во Донецк“.

Oд друга страна, светските медиуми јавуваа за повлекување на руските единици и прикажуваа како зад себе оставаат голем број уништени оклопни возила и друга механизација, па дури и муниција.

Следуваа огорчени реакции на влијателни личности и воени блогери во Русија, како онаа на  беа уште поостри. Захар Прилепин, чиј канал на социјалната мрежа Телеграм има повеќе од 250.000 претплатници ги опишна настаните во Харкив како „катастрофа“ и како голем неуспех на руското разузнавање што е особено силна поента ако се знае дека Путин произлезе токму од КГБ.

И Игор Стрелков, поранешен шеф на пара-воените проруски формации во Доњецк укажа на лошата подготвеност и обука на руските војници распоредени на таа територија и дополни дека потфрлила и руската авијација со минималманата и безначајна поддршка на руските копнени сили.

Изненадувачки критики дојдоа и од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој распореди неколку илјади свои борци во офанзивата. Во неговиот коментар на Телеграм, што го пренесоа сите светски медиуми, во неделата на 11 септември кога офанзивата на Украина го достигна својот врв, тој рече дека ќе замине за Москва за да им ја објасни на лидерите на Русија својата порака „се направени грешки и дека ќе извлечат неколку заклучоци“, изјави тој и додаде дека „доколку рускиот Генералштаб не сакаше да заминат, (трупите) немаше да се повлечат“.

После овие изјави за пресвртот на военото поле во Украина, следуваше мноштво од реакции и од влијателни политички фигури и функционери во Русија.

Во понеделникот, на 12 септември, пратениците од 18 општински окрузи во Москва, Санкт Петербург и Колпино побараа оставка на Путин, според петицијата со список на потписи објавена на Твитер, по што следуваше реакцијата на руските власти со казна во висина од 47.000 рубљи, односно околу 800 евра за „дискредитација“ на високи функционери, мерка која беше внесена во кривичниот закон на Русија набргу откако започна „специјалната воена операција“ како што беше нарече воената агресија на Украина.

Последиците од најновиот развој во Украина за Кремљ сè уште е нејасни, но, експертите велат дека ако украинската контраофанзива продолжи со слично темпо, на Путин ќе му биде сè потешко да се претстави како силен стратег.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој повеќе од две децении градеше слика за себе како силен воено-политички и двигател на меѓународната политичка сцена стратег кој може да ги надмудри западните лидери и да ѝ ја врати на Русија нејзината поранешна слава, иако тоа беше само негова лична фиксација, се соочува со најголемиот предизвик во својата кариера затоа што после иницијативата на Украина нему му остануваа многу малку опции.

И додека украинското знаме се крева од еден во секоја нареден град вратен под контрола на Киев, едно прашање и понатаму станува во фокусот: како реагира Кремљ?

Од зградата на Црвениот Плоштад во понеделникот соопштија дека Путин е свесен за ситуацијата на фронтот и инсистираат на тоа дека единствена цел на Русија да воспостави целосна контрола во регионите Луганск и Донецк заради денацификација и заштита на руското население.

Интересно е дека сѐ погласни се апелите да продолжат преговорите со Киев кои беа прекинати, откако последен пат беа одржани во Истанбул.

Изненадувачки е што повикот за преговори дојде токму од Кремљ, односно од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во изјава за ТАС, посочи дека Москва можеби е подготвена да преговара со Украина.

Претседателот (н.з. Путин во руската Дума) им рече на учесниците на состанокот дека ние не ги негираме преговорите, но оние што го негираат тоа треба да разберат дека колку подолго го одложуваат овој процес, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас, изјави Лавров во цитат што го пренсе ТАС и со тоа откри дека за продолжување на преговорите како опција говори и Путин.

На ова Киев јасно стави до знаење дека ќе ги отфрли преговорите што би вклучиле Украина да се откаже од која било своја територија.

Она што експертите велат дека е неизбежно е дека Кремљ ќе се обиде да ја отфрли вината за неуспешната операција.

Засега, како што опишавме на почеток на оваа анализа, пропагандната машина на Кремљ во голема мера се држи до досегашниот наратив.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ