Најмалку шест лица загинале, а 13 се исчезнати, откако преку 150 бегалци од криумчарите со бело робје, биле присилени да го напуштат бродот, во близина на брегот на Јемен. Ова е втор ваков случај, на намерно удавени мигранти во последните 24 часа, соопшти Агенцијата за миграции на Обединетите Нации, според која над има 55 жртви, меѓу 300 бегалци натерaни да ги напуштат бродовите
Според наводите на Агенцијата, 84 мигранти ја напуштиле плажата, пред доаѓањето на нивните служби, додека Меѓународната организација за миграции (ИОМ) пружале медицинска помош, храна и вода за 57-те преживеани.
ИОМ објави дека нивните служби пронашле шест безживотни тела на брегот – две машки и четири женски, додавајќи дека 13 лица се водат како исчезнати.
„Ова е многу драматична ситуација. Биле на бродот со криумчарите, кои ги оставиле во море, пред да стигнат до брегот. Некои исчезнале, додека другите биле закопани на плажата од нивните пријатели“, изјавил Лорен де Бок, шефот на ИОМ за Јемен. Тој додал дека инцидентот го пријавиле преживеаните, кои ги опишал како „исцрпени и шокирани“. Де Бок посочува и дека ваквите случаи се нови и дека неговата агенција првпат забележува луѓе кои се протерани од бродовите пред да стигнат до брегот.
Инцидентот следува ден по „намерното давење“ на 50-тина мигранти од Сомалија и Етиопија, кога криумчарот ги исфрлил во море во близината на Јемен.