• Latest

Криза, а потоа распад… Или?

October 8, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Криза, а потоа распад… Или?

October 8, 2018 09:55
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема, ама баш ниедна, причина да се преговара со Мицкоски за ништо. Целиот процес за надминување на политичката криза уште во 2015 година беше поставен на погрешни основи. Пржинскиот процес на преговори и договори беше неправеден и ја постави тогашната опозиција во крајно неправедна позиција.

Џабир Дерала

Но, преговорите и тогаш, во 2015-та, продолжија со тој несреќен формат, зад затворени врати (како и многупати потоа). Од една страна беше огромното мнозинство во земјата, претставено со само еден човек на преговарачката маса во резиденцијата на ЕУ амбасадорот во елитниот дел на населбата Пржино, а на другата страна беа тројца – Груевски со сите украдени пари, институции и држава, Ахмети како послушен коалиционен ортак и Тачи Верниот-до-гроП. Илија Гебелс Димовски го прогласи договорот за тоалетна хартија…

Со сите криминали намачкани, дадоа нешто малку места во владата и опструираа(т) до максимум, го нападнаа Собранието барајќи крв и речиси убија еден политички лидер, а другите одвај спасија жива глава… И сето тоа го прегрмевме.

Преговори? Пак?!

И уште треба некој да преговара со нив?! За што бе?!

Во право се експертите и ЕУ-функционерите дека нема време за губење и дека отворените прашања треба да се решат во институциите и низ јавна дебата. Но! Македонските институции се само делумно подготвени за уште еден шок за системот, бидејќи предвремените избори токму тоа и ќе бидат. Какви услови нудат институциите за избори?

Избирачки список со речиси два милиони гласачи во земја со не повеќе од еден и пол милиони жители, а илјадници гласачи, живи и присутни што не можат да гласаат. Пратениците, надлежните министерства и „велеумните“ невладини фолиранти не успеаја да истуркаат неколку едноставни законски мерки со кои ќе се заштити правото на глас.

По една-две ставки во Изборниот законик во неколку параграфи ќе го овозможеа тоа, ништо повеќе. Ни сега не е предоцна за тоа. Уставот ги штити сите решенија што се во полза на гласачот, тоа постојано се занемарува.

Зошто во Македонија нема радикални милитанти?

На една средба со странски дипломати, бев запрашан за мислење зошто во Македонија нема радикални милитантни групи. Одговорот беше лесен. Затоа што власта во свои раце ја имаше организирана криминална група што во својата основа беше радикална и милитантна. Никој не можеше да биде порадикален од нив.

Тие не мораа да формираат милитантни групи, туку ги вработуваа во администрацијата и полицијата. А кога им требаше, формираа партии што дејствуваа радикално, невладини организации, медиуми…

Радикалниот национализам се истури со сета своја тежина врз нас во текот на референдумскиот процес. Не се најде институција што постави прашање од каде се финансиите за таквата кампања. Не, тие речиси непречено газеа врз целиот процес, до крајот на самиот ден на гласањето.

Изборниот молк, транспарентноста во финансирањето и низа други стандарди и закони важат за официјални структури. ВМРО-ДПМНЕ, преку своето политичко и криминално подземје, во спрега со руските служби, го нападна референдумот со сите оружја. И (само) делумно успеа.

Фушерајски избори или крах?

Ако така се однесуваа институциите за време на референдумот и дозволија ширење страв, омраза и поделби, попречување на гласањето, поткуп и валкана пропаганда, не постојат некои посебни гаранции дека ќе се однесуваат поинаку во случај со евентуалните предвремени избори.

Навикната е оваа земја една типично балканска површност и помирување со злото, еден „византиски“ начин на премолчување на очигледното, „за секој случај“… Сѐ што се прави има силна доза на фушерај.

Во такви и уште многу други околности, Македонија го дочекува пост-референдумскиот период. Во крајна линија не е ни важно дали намерно или ненамерно лошото функционирање, бидејќи ефектот е ист – правото на глас е постојано прегазено, не по вина на гласачите, туку по вина на системот. Тоа е кршење на Уставот што го гарантира тоа право на глас на граѓан(к)ите.

Во такви околности, Македонија е повторно пред избор… Да спроведе брзи и крајно ризични избори со неподготвени институции што повторно ќе газат по правото на глас или да заглави во бескрајни преговори со дополнително контаминирање на демократското ткиво на земјата и неуспех на интегративните процеси. По политичката криза овој пат нема да настапи дури ни лошо и половично решение. Не. Ќе настапи безбедносна криза. Можеби и распад.

А сѐ можеше да биде подобро, да се вложеше повеќе труд и политичка волја.


фотографија во прилог на текстот: Мирослав Стојановиќ – Шуки

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ