• Latest

Кризната состојба на границите – продолжена до крајот на годината

June 29, 2017

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кризната состојба на границите – продолжена до крајот на годината

June 29, 2017 14:53
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија со 94 гласа „за“ го продолжи рокот на важењето на кризна состојба на северната и на јужната граница на земјата, до 31 декември 2017 година. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека одлуката е значајна и дека рокот се продолжува врз основа на проценките на надлежните служби. Според него, мигрантската криза може да ескалира во секој момент. Неодамна, за време на посетата на јужната граница, Спасовски изјави дека Maкедонија нема да гради нови бегалски кампови и дека двата кампа кои се транзитни се сосема доволни, доколку има нов бран бегалци. Ставот на Владата е во овие кампови да се прифатат бегалците и да се транспортираат во други држави од Балканската рута.

Во меѓувреме, предвидувањата за нов бран бегалци станаа реалност. Откако беше затворена Балканската рута пред една година, Црвениот крст на Град Скопје згрижил над 3.000 бегалци. Најголемиот дел од нив ги користат планинските патишта во близина на српската граница, за оттаму да стигнат до земјите од Западна Европа. Но, во изминатите неколу месеци, се забележува и голем проток на мигранти во обратна насока. Групи бегалци и мигранти се враќаат назад од Србија, преку Македонија, кон Грција, каде бараат алтернатива за влез од Балканот. Тие се движат по црните патишта низ Липковскиот регион до јужниот дел од Македонија. Четири мобилни тимови на Црвениот крст се задолжени за згрижување на овие групи бегалци.

Турција е земјата со најголем број на бегалци во светот, чија бројка достигна над 3,2 милиони! Околу 90 проценти од сириските бегалци во Турција остануваат надвор од транзитните центри, со ограничен пристап до основните потреби. Европската комисија обезбедува хуманитарна помош за ранливите бегалци, особено за оние кои живеат надвор од центрите и камповите, но таа – едноставно, не е доволна.

Една од мерките кои во моментов ја користат околу половина милион бегалци, е иновативна програма за итна социјална сигурност  за најранливите бегалски семејства за покривање на основните потреби, како што се храна, кирија, медицина и облека. Програмата обезбедува 100 турски лири (околу 26 евра) за секој член на ранливите семејства за еден месец!

Подготви: М. Ивановска

Tags: Балканска рутакризна состојбасеверна и јужна границаСобраниеСпасовскитранзитни центритурцијаЦрвен Крст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ