Не знам дали и меѓу поддржувачите на Заев имаше некој што ја поддржа одлуката во годината на редовните, да се распишат предвремени избори, наместо да ги апси барем еден дел од тие што десет години во заедничка власт ја заробија и ја ограбија државата.
*
Груевски е прв случај што ќе има корист од рамноправната употреба на албанскиот јазик во судска постапка.
Според услугите и заслугите за ДУИ, тој тоа и го заслужува.
*
Гламурозната администрација ме потсети на Груевски кога за Хипократ викаше хипокрит и за аутист-алтруист.
*
Дали мораше пред Венецијанската Комисија, Законот за употребата на јазиците да го брани еден хирург. Колку го одбрани, стана јасно од извештајот што го добивме.
*
Тој што зборува за тоа што е постигнато во декадата која е зад нас, или не читал, или никој не му кажал што пишува Рајнхард Прибе во својот извештај за многу тешката кризна состојба во која Македонија ја донесоа ДУИ и ВМРО заедно.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.