• Latest

Крвавите плодови на омразата

January 27, 2019

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Крвавите плодови на омразата

January 27, 2019 11:43
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

И прикриениот антисемитизам е антисемитизам. Разликата меѓу отворениот и прикриениот антисемитизам е во тоа што прикриениот може некогаш да биде и поштетен отколку отворениот. И кратка е патеката меѓу отворената омраза и прикриената. Таа само чека погодни услови да се распламти и да ги собере своите крвави плодови.

Џабир Дерала

Креирањето на поимот антисемитизам се поврзува со германскиот новинар Вилхелм Мар кој за тоа пишува уште во 1879 година. Тој пишува и дека омразата кон различни либерални, космополитски и интернационални политички трендови во 18-от и 19-от век често се доведуваат во релација со Евреите. И во тоа време, националистите и другите деструктивни политички центри на моќ ги напаѓале политичките идеи како што се еднаквоста, граѓанските права, уставната демократија, социјализмот и пацифизмот. И, со подеднаква жестина, ги мразеле Евреите. Воедно, тие структури жестоко се спротивставувале и на слободната трговија, финансискиот капитализам и низа други модерни тенденции во тогашната светска економија. И ја промовирале омразата врз идеолошка, расна или етничка основа.

Педесетина години подоцна, Адолф Хитлер доаѓа на власт и во име на државата го нарачува, финансира и раководи ѕверското истребување на Евреите, а воедно и на сите носители на идеи што биле поврзувани, односно поистоветени со нив.

Дури и џезот бил етикетиран како црнечко-еврејска комунистичка музика, па и џезерите биле брутално прогонувани за време на нацистичкиот режим. Особено молските созвучја биле забранувани и им се налагало на композиторите и музичарите да им даваат предност на дурските композиции, „во согласност го здравиот дух на германската нација“, како што опишува чешко-канадскиот писател Јозеф Шкворецки во својата новела „Бас саксофон“.

Примери за антисемитизам има и денес, на секој чекор. Често се крие зад изрази што зборуваат за предрасуди за кои, пак, мислиме дека се „народни изрази и преданија“. Самиот поим Евреин често се користи во погрдна смисла. „Евреите го убија синот Божји“ – знаат да кажат некои билмези што мислат дека се побожни, „заборавајќи“ дека Исус бил Евреин и дека го погубила римската власт во Израел.

На сличен начин се „размислува“ и во поглед на Холокаустот. Неретко може да се слушне дека Холокаустот е измислен или дека бројот на жртвите на Холокаустот не е толкав како што се тврди. Дека тоа е заговор… Без аргументи, без свест за позадината на таквите тврдења и уште помалку свест за тоа каде може да води таквото размислување, премногу лесно се изговараат нешта кои се на истата линија со најопасните и најнечовечните доктрини на човековата цивилизација. Минимизирањето, па и негирањето на Холокаустот е дел и од државната политика во некои земји во светот денес, а одредени државни лидери неретко манифестираат антисемитизам на различни начини. Тие исти лидери се на чело на држави во кои не владее демократијата.

Многу често, едноставно, се молчи за Холокаустот во стилот: „Не знам јас тоа…“ А се молчи и во учебниците и во медиумите. Според Резолуцијата 60/7 на Обединетите нации, државите-членки имаат обврска да го одбележат Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, да потсетам уште еднаш.

Дури и една жртва на омраза е премногу, а да не говориме за шест милиони Евреи, стотици илјади идеолошки, расно или биолошки „неподобни“ или над 50 милиони жртви колку што е вкупниот биланс на смртта во Втората светска војна…

Колку може да биде „напумпан“ бројот на жртвите на Холокаустот? За 100.000? За еден милион? Сѐ уште останува вртоглава бројка од цели милиони луѓе чии животи ги однела идеологија заснована на поделби и омраза. Невидено разорување и крвопролевање надвор од моќта на поимањето. Секоја од жртвите, секое дете, жена, маж… имале име и презиме, одредена боја на очите, број на килограми на телото, соништа, желби, таленти, планови, склоности, маани, доблести, специфична насмевка, солзи… И, сите нив ги убила идеологијата што се засновала на омразата кон различните.

Говорот на омразата, лесно и брзо води кон насилство. Омразата кон Евреите денес е омраза кон други утре и обратно. Омразата врз основа на етничка припадност денес е омраза кон раси или вери утре. Веднаш значи и омраза кон оние што размислуваат и дејствуваат различно, што изгледаат различно… Следниот чекор е повик за прогон и убиства и нивно извршување.

Децата на училиште ги учат да се крстат, но христијанската љубов останува зад бедемите на незнаењето. Децата на училиште не дознаваат што се човекови права. А и да дознаат, исто како со крстењето, не дознаваат што стои зад тоа. Едукација за човековите права значи и едукација за Холокаустот. Едукацијата на училиште подразбира и свест и почит кон различностите, толеранцијата, ненасилната комуникација меѓу луѓето, градење на мирот… Го има ли сето тоа во очите на детето кога ќе се врати од училиште? Еве, да не барам премногу, барем дента кога ќе заврши основно училиште од цели девет години? Или, ако и тоа е премногу, барем на крајот од средното образование? Го има ли? Го има ли тоа во семејството? Дали расчистивме со Холокаустот во нашите глави?

Дваесет и седми јануари е ден на сеќавање на Холокаустот, ден кога Црвената Армија го ослободила Аушвиц (Полска, 1945 година).

Ова е убав ден да погледнеме внатре, во себе, барем за миг. Што и да видиме внатре е подобро отколку да бидеме слепи, глуви и неми за тоа што сѐ вирее во нас. Можеби тоа не е нешто што сакаме да бидеме… Преиспитајте се. Тоа е првиот чекор кон станувањето подобар човек. Има уште неколку такви денови во годината. Некои се верски, некои се меѓународни. Некои им припаѓаат на другите вери, ама исти се, само на различен датум…

Ви посакувам убав ден на дружење со вашиот внатрешен свет.

 

 


Оваа и колумната „Холокауст“ (25/1/2019) се посветени на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот (27 јануари). При пишувањето на овие текстови, користени се податоци и материјали од печатени и онлајн енциклопедии за Втората светска војна, новели и други извори. Посебно интересни онлајн извори се:
Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија
Yad Vashem – The World Holocaust Remembrance Center
United States Holocaust Memorial Museum
Memorial to the Murdered Jews of Europe

фотографија во прилог на текстот: „Црниот ѕид на Аушвиц“ (The Black Wall in Auschwitz I, The Black Wall, between Block 10 (left) and Block 11 (right) in the Auschwitz concentration camp, where executions of inmates took place. Poland, date unknown; National Archives and Records Administration, College Park, MD)

Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Фотографија од Авторот: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share64Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ