Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС, на (17 октомври 2020 година), за ЦИВИЛ Медиа изјави дека проблемот во нашата држава е во надминување на политичката нетолеранција и различност.
На прашањето колку и дали е возможно да се обединат различностите во нашето општество, Кржаловски даде неколку примери дека тоа е возможно и треба да се промовира и негува.
„Сум присуствувал на многу такви епизоди на навидум непомирливи различности почнале да соработуваат. На почетокот беа тоа родовите прашања, мажи – жени и дали се разбираме, потоа верските заедници, на пример, како потешка целна група, но која демонстрира дека кога сака навистина може да биде пример за соработка за останатите, преку толеранција на едните кон другите, за коегзистенција на различностите.
Во последно време станува актуелно со борбите во Сирија и повратниците од таму и зголемувањето на тероризмот, па во споредба со нашиот конфликт во 2001 и соработката на поранешните борци од ОВК и луѓе од нашите безбедносни сили, значи се демонстрира дека сето тоа може да функционира, дури и луѓе кои се гледале преку нишан на некој начин да почнат да соработуваат заедно. Мислам дека тоа многу повеќе треба да се промовира и негува во нашата држава и да се сузбие, иако сметам дека во моментот не е толку проблем било каква друга нетолеранција или различност, најголема е политичката и треба таа примарно да ја надминеме“, изјави Кржаловски.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа Б. Јордановска
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.