• Latest

КСС: Пратениците да ги отфрлат измените на Законот за работни односи

July 20, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

КСС: Пратениците да ги отфрлат измените на Законот за работни односи

July 20, 2021 13:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) бара пратениците да не ги поддржат предложените измени на Законот за работни односи за недела неработен ден за кои вчера расправаше собраниската Комисија за труд и социјална политика и истовремено упати реакција зошто не биле поканети на расправата.

-Вчера бевме сведоци на комисиска седница на труд и социјална политика каде што во прво читање беа измените на Законот за работните односи за недела да биде неработен ден. Реагираме на тоа што како најголем синдикат во државата не бевме поканети на таа седница, како што било пракса во многу претходни случаи. Остро ја демантираме министерката Шахпаска дека сме се сложиле со ваквата верзија на измените на ЗРО за недела да биде неработен ден. Бараме итна јавна дебата каде што јавно ќе ги искажеме нашите ставови зошто не се сложуваме со ваквиот предлог закон за недела неработен ден, се вели во соопштението од КСС.

Од КСС посочуваат дека уште на самиот старт реагирале по однос на ставот 3 дека се прави дискриминација со одредени дејности, кои според природата не можат да прекинат со работниот процес во поглед на другите работници, кои не се набројани во овие дејности. Според КСС, очигледно преку карактер на помошни или придружни дејности и преку последната алинеја од членот 3 каде што стои и други дејности кои не се опфатени со овој став ќе треба да работат исто така во недела.

-Со бајпасирање на ЗРО и измена на Законот за трговија се дозволува работниците во трговијата повторно да работат во недела што само по себе кажува дека Владата повторно подлегнува под притисокот на капиталот за сметка на трудот. Се повеќе се гласни работодавачите од градежниот сектор, кои исто така бараат недела да биде работен ден, согласно можноста да работат и други помошни и придружни дејности, стои во соопштението.

КСС бара итно од сите пратеници да го отфрлат овој закон и да не дозволат повторно уништување на работничките права.

-Од самиот почеток укажуваме дека работната недела која што ја предвидуваат за одредени дејности не може да биде во работното време од 40 часа неделно и треба да се плаќа дополнително, а не само зголемена дневница за 50 отсто. Наместо грижа за работниците кои што ги изгубија своите работни места и оние кои што работеа без пари кај работодавачите кои што добија државна помош за плати, денеска се соочуваме со повторно одземање на едно работничко право, стои во соопштението.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ