• Latest

КСЗД најави прекршочна пријава против МОН за неизедначените стипендии

August 29, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

КСЗД најави прекршочна пријава против МОН за неизедначените стипендии

August 29, 2022 17:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите и учениците на кои не им беа покачени стипендиите, и понатаму ќе земаат пониски суми од новите апликанти. За сега, нема информации дека власта ќе ги изедначи стипендиите за сите, за што, поради утврдена индиректна дискриминација, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поведе прекршочна постапка против Министерството за образование и наука (МОН).

Заплетот околу покачените стипендии започна минатото лето, кога МОН најави зголемување на студентските и ученичките стипендии и до 80 отсто. По оваа најава, студентските стипендии од прва, втора, трета и четврта категорија од минатата учебна година изнесуваат 6.050 денари месечно, наместо 3.300 денари колку што „вредеа“ претходно, додека ученичките стипендии се зголемија на износ од 3.500 денари, наместо претходните кои се движеа од 2.000 до 2.970 денари.

Со објавувањето на конкурсите во септември минатата година, стана јасно дека зголемените стипендии нема да важат за сите студенти и ученици, односно повисоките суми ќе ги добиваат само оние кои аплицирале на новите конкурси, додека останатите што го оствариле правото на стипендија во некоја од претходните години, продолжија да ги земаат старите и пониски суми.

На овие услови, студентите одговорија со онлајн петиција во која побараа изедначување на стипендиите за сите наместо фаворизирање на еден дел од студентите. Во петицијата студентите обвинија дека се врши дискриминација и дека со условите во конкурсот се прави поделба меѓу студентите.

Индиректна дискриминација во државната политика

За условите според кои државата доделува стипендии, студент и ученик во средно образование упатиле претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, чии членови едногласно утврдија индиректна дискриминација врз основа на образовен статус и повреда на правото на еднаков третман при користењето на стипендиите во повисок износ извршена од страна на МОН.

Со ова, државната политика на стипендирање, дел од студентите и учениците ги ставила во понеповолна положба во однос на останатите нивни колеги и соученици.

Согласно своите законски надлежности, Комисијата му препорачала на МОН да изготви нова Предлог- програма за измени на Програмата за студентскиот и ученичкиот стандард за изедначување на износот на стипендиите за сите ученици и студенти. КСЗД упатила препорака и до Владата на Република Северна Македонија да го прифати предлогот на МОН за изедначување на стипендиите.

МОН: За секој според потпишаниот договор

Сепак, се чини дека, за сега Министерството за образование не планира да ги изедначи стипендиите за сите студенти и ученици. Во одоговор за Мета.мк, од МОН не отстапуваат од ставот дека зголемување на стипендиите за сите е невозможно.

„Секој корисник на ученичка или студентска стипендија има потпишано договор со МОН во кој е дефиниран износот кој треба да му се исплати и начинот на исплатата на стипендијата. МОН ги почитува договорните одредби и псотапува по истите. Изменетите услови, критериуми и одредби на еден конкурс за доделување на стипендии, не можат да важат истовремено и за оние кои ќе го остварат правото на стипендија преку тој конкурс и ретроактивно – за оние кандидати кои го оствариле правото на стипендија преку некој претходен конкурс“, велат од МОН.

Од МОН додаваат дека ваквото образложение го проследиле и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и дека евентуалното зголемување на стипендиите ќе предизвика финансиски импликации од 100 милиони денари.

„…А воедно и Владата на Република Северна Македонија беше известена дека МОН нема да постапи по задолжението, имајќи предвид дека истото покрај бројни административни постапки, првенствено предизвикува и фискални импликации од 100 милиони денари во услови кога на сила во државата се антикризни мерки“, велат од МОН за Мета.мк.

Од КСЗД, пак, одговорија дека поради непостапувањето на МОН по утврдената индиректна дискриминација, согласно нивните надлежности, ќе поведат прекршочна постапка против Министерството.

„Во овој момент, согласно законот, работиме на поднесување прекршочна пријава против МОН до надлежен суд за прекршоци“, велат од КСЗД.

повеќе на МЕТА.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ