Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, на својот Твитер налог напиша дека, низ интензивна дипломатска офанзива бараат дипломатски решенија за кризата околу Украина, но нема да ги преминат сопствените црвените линии.
Кулеба на Твитер соопшти дека во уште една недела на интензивна дипломатија, денеска во Украина ќе се сретне со четворица шефови на дипломатии : Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг, чешкиот колега Јан Липавски и министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.
Во наредните денови во Украина се очекува да пристигнат и други високи европски функционери.
За утре во Киев, Кулеба најави средба на Претседателот на Франција, Емануел Макрон со неговиот полски колега, претседателот Зеленски.
-Бараме дипломатски решенија, но нема да ги преминеме црвените линии на Украина:
-Нема отстапки за суверенитетот, територијалниот интегритет во меѓународно признатите граници
-Нема „директен дијалог“ со руските окупаторски администрации во Доњецк, Луганск
-Само народот на Украина има право да го дефинира надворешно-политичкиот курс, напиша Кулеба на Твитер.