• Latest

Културата и уметноста поттикнувачи на граѓански активизам

May 17, 2018

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Културата и уметноста поттикнувачи на граѓански активизам

May 17, 2018 12:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата „Моќта на културата и уметноста за општествени промени“, на едно место ги собра луѓето кои активно работат на полето на културата, и оние кои преку културниот активизам се борат да внесат промени во општеството.

Дали заробените институции и украдените јавни простори се доволен поттик за да се создаде креативен отпор и протест? Кои се границите на соработка на независниот културен граѓански сектор со власта и дали при таквите соработки постои опасност од губење на критичноста? Ова се мал дел од прашањата на кои културни работници, граѓански активисти и експерти се обидоа да дадат одговор и свое видување на првиот ден од конференцијата „Неискористената моќ на уметноста и културата за општествени промени”.

Членката на управниот одбор на ФООМ и активистка Мерита Максути, истакна дека ФООМ во изминатите 25 години одигра исклучително важна улога во промовирање и поттикнување на општествената одговорност работејќи на фронтот на културата, човековите права и социјалните промени, како фундамент за функционално општество.

„Ние пред извесно време излеговме од еден период каде гласот на креативниот отпор, реакција или протест беше потиснат, а просторот за делување екстремно намален. Ние сите носиме општествена одговорност и секој од нас има различен капацитет за конфронтација со неправдите и тоа што треба да се промени во општеството, а особено ќе ставам акцент на уметниците, активистите и креативната маса на општеството. Искрено се надевам дека нашиот капацитет нема да се намали само со промената која настана во нашето општество“ – рече Максути.

Покрај Максути, на конференцијата учествуваа и Никола Гелевски од издавачката куќа „Темплум“, Славчо Димитров од коалиција „Маргини“, претставнички на активистичката група „Хавеит“ од Приштина, Хана Квена и Алкета Силај и Бесфорт Идризи од Детскиот театарски центар во Скопје.

За уметничкиот активизам говореа и Стив Ламбер, концептуален уметник и придружен професор за нови медиуми од САД, професорот Небојша Вилиќ од Факултетот за драмски уметности во Скопје, Оливер Реслер, уметник и филмски работник од Австрија и уметницата Христина Ивановска.

Денеска ќе се одржат и две работилници, едната е на „Хавеит“ од Косово, а другата со концептуалниот уметник Стив Ламберт од САД.

Конференцијата ја организираше Фондацијата Отворено општество – Македонија, во рамките на програмата за одбележување на 25 годишнината од почетокот со работа во земјава.

А.П.
Tags: Детски театарски центарконференцијаКУЛТУРАМаргиниПриштинаТемплумФондација Отворено општество
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ