• Latest
Жарко Трајаноски

Културен плурализам наместо етноцентризам –  реална еднаквост наместо дискриминација и говор на омраза

December 12, 2021

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Културен плурализам наместо етноцентризам –  реална еднаквост наместо дискриминација и говор на омраза

December 12, 2021 10:03
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Сите сме еднакви – сите на хартија имаме еднакви човекови права. Универзалната декларација дури тврди и дека „Сите човечки суштества се РАЃААТ слободни и еднакви по достоинство и по права“ (УДЧП, чл. 1).

Но, зарем е можно да се тврди дека сите луѓе се раѓаат еднакви, кога знаеме дека сите луѓе се раѓаат различни – дека нема две исти индивидуи на планетава? Дури и еднојајчаните близнаци се разликуваат – немаат идентични отпечатоци на прстите.

Каде да ги пронајдеме разликите?

Не само во животот, туку и на хартија, многу лесно се откриваат разликите. Доволно е да погледнеме во членот 5 од „Законот за заштита од дискриминација“, насловен „Дискриминаторска основа“: „Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа“.

Законот разликува многу видови разлики, и укажува дека одредени видови разликувања, во одредени случаи можат да ја повредат еднаквоста меѓу луѓето.

Ниту една од споменатите разлики – дискриминаторски основи –  не би требало да биде пречка за уживање на човековите права. Но, многу често кај нас разликувањето врз основа на национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, имотен статус, политичко уверување, итн. е пречка за уживање или остварување на човековите права. Листата на дискриминаторски основи намерно не е затворена, и го содржи изразот „која било друга основа“, затоа што луѓето можат да се разликуваат – и дискриминираат и по други основи кои не се експлицитно наведени во законот.

Културите не се изолирани острови

Дел од разликите се перципираат како „биолошки“, а дел како „културни“ – кои произлегуваат од културата и од начинот на живот. Но, како да се договориме што е тоа „култура“, кога антрополозите, етнолозите и социолозите нудат стотици различни дефиниции на зборот „култура“? Сведоци сме дека на сите континенти има различни форми на живот –  различни социјални групи играат различни општествени улоги.

Со формирањето на националните држави (вклучително и на Балканот) забележлива е тенденција да се развива доминантна национална култура и да се гради и фаворизира национален идентитет, за сметка на други видови идентитети. Но, дури и таквите општества во кои доминира еден јазик, една култура и еден идентитет тешко можат денес да се нарекуваат „монокултурни“. Во Европа тешко може да стане збор за „монокултурно“ општество, во кое преовладува само една култура. Културите не се изолирани острови. Дури и на островите како Исланд, луѓето имаат различна вероисповед (лутерани, протестанти, католици…) и говорат различни јазици (исландски, норвешки, англиски…).

Афирмацијата на мноштвото културни разлики и културни идентитети е во основа на културниот плурализам, „мултукултурноста“ и „интеркултурноста“. Онаму каде што има издиференцирани културни, национални, етнички, религиозни и други групи, кои живеат во рамките на една иста територија, но не секогаш контактираат едни со други, се зборува за мултикултурни општества. За интеркултурните општества, пак, се зборува кога постојат поотворени односи меѓу различните социјални групи, поголема интеракција и размена, заемно признавање и почитување на вредностите и на различните начини на живот.

Етноцентризмот и конфликтите на Балканот

Балканскиот полуостров и Европа имаат богата историја и „култура“ на непризнавање и непочитување на разликите, која честопати доведувала до конфликти и уништувачки војни. Поимот „етноцентризам“ може да ни помогне не само за разбирање, туку и за надминување на конфликтите помеѓу општествените групи.

Етноцентризмот претставува навика да се гледаат нештата од гледна точка на сопствената група (најчесто етничка) или навика да се проценува друга група или култура според стандардите на сопствената група или култура. На Балканот имаме богата историја на етноцентрични политики, етноцентрични национални истории со етноцентрични учебници.

Етноцентризмот подразбира културна или етничка пристрасност – привилегирана перспектива која преферира одредени културни идентитети и разлики, кои ги смета за супериорни во однос на други културни идентитети и разлики. Многу често етноцентризмот се препознава по чувството за супериорност на сопствената култура или форма на живот, по чувството дека сопствената култура или група е во центарот на збиднувањата, по гледиштето дека начинот на живот на сопствената група или култура е природен или исправен, по стремежот да се воздигнува сопствената група, за сметка на другите групи. Проценувањето и вреднувањето на другите групи и култури, од сопствената „културна“ гледна точка, честопати доведува не само до погрешни „етноцентрични“ претпоставки за другите култури и начини на живот, туку и до негативни предрасуди, ставови и постапки кон „другите“.

Историите на национализмот на Балканот во последните неколку века ни даваат многу примери за исклучителни етноцентристи и радикални националисти кои поттикнувале нетрпеливост и омраза помеѓу различни културни групи и предизвикувале сериозни политички конфликти, војни, тероризам, па дури и до геноцид.

Непочитувањето на етничките, религиозните и другите културни разлики (кое произлегува од неразбирање, погрешно разбирање или од етноцентрични политики) може да се смета за една од главните причини за долгогодишните воени конфликти на Балканот во 20-от век.

Културен плурализам наместо етноцентризам

Идејата за културен плурализам подразбира не само активна борба против етноцентризмот како една од главните причини за нееднаквоста и дискриминацијата, туку и изградба на култура на активно почитување на разликите.

Идејата за културен плурализам е контрапункт на идеологијата на етноцентричниот национализам, која гради исклучиви национални идентитети, национални симболи, и етно-националистички движења. Идеологијата на етноцентричниот национализам е препознатлива и по политичката злоупотреба на изразите „национална автономија“, национално единство“, и „национален суверенитет“ за промовирање на етноцетрични политики. Таквите политики многу често поттикнуваат дискриминација, нееднаквост, омраза и насилство кон „другите“ – дефинирани преку исклучувачки етноцентрични наративи, во зависност од политичките потреби на елитите кои ја користат идеологијата на етно-национализмот за остварување на сопствени политички интереси.

Концептот за културен плурализам подразбира градење на комуникациски мостови помеѓу различните културни и социјални групи со цел надминување на негативните стереотипи и предрасуди и непознавањето на „другите“. Активното почитување на културните разлики подразбира создавање на нови наративи кои ќе се спротиставуваат на етноцентричните наративи кои поттикнуваат стигматизација, дискриминација, омраза и насилство.

Концептот за културен плурализам не подразбира само етнички или религиски плурализам, туку широк плурализам на културни разлики кои се мета на непризнавање, непочитување, омаловажување, дискредитирање, стигматизирање, и основа за социјално исклучување на индивидуи или групи.  Борбата за сеопфатен културен плурализам подразбира надминување на монополот на етничките и религиозни идентитети, и многу пошироко сфаќање на еднаквоста од „правична застапеност на заедниците“ и религиозна толеранција.

Културниот плурализам и културата на активно почитување, прифаќање и разбирање на разликите што се јавуваат како основи за дискриминација, се клучни фактори во борбата за фактичка еднаквост меѓу луѓето. Културата на активно почитување на разликите е мост од мултикултурно кон интеркултурно општество.

Етноцентризмот е генератор на нееднаквост

Оттаму, можеме да кажеме дека еднаквоста и различноста се само навидум меѓусебно спротиставени категории. Борбата за еднаквост е борба за признавање и почитување на различноста која не повредува ничии права и слободи.

Изградбата на институционална и општествена култура на еднаквост, подразбира изградба на институции кои не само што ќе ги вреднуваат и афирмираат сите разлики кои се јавуваат како основи за дискриминација, туку и активно ќе се борат против дискриминацијата и говорот кој поттикнува омраза и насилство.

Ако сакаме да градиме култура на еднаквост, базирана на концептот на културен плурализам, тогаш мора да се обидеме да ги надминеме етноцентричните наративи и митови во образованието, медиумите, политиката, општествените науки и во сите други општествени сфери.

Ако се залагаме за општество во кое реално се почитува правото на еднаквост, тогаш мора да ги јакнеме и општествените институции кои ќе имаат капацитет за да се борат против политичката, социјалната и економска нееднаквост –  вклучително и институциите кои ќе се борат против дискриминацијата и говорот кој поттикнува омраза и насилство.

Се додека не се предизвикуваат етноцентричните наративи кои поттикнуваат дискриминација, нетрпеливост и омраза по мноштво основи – во политиката, медиумите и во клучните општествени институции – тие наративи ќе доминират и ќе се злоупотребуваат од општествените елити за генерирање на општествена нееднаквост по разни основи.

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ