• Latest

Кумановскиот „Зафир Сајто“ дом за 150 стари лица

May 9, 2018
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кумановскиот „Зафир Сајто“ дом за 150 стари лица

May 9, 2018 09:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Деведесет и осумгодишниот Милан и неговата 94-годишна сопруга Каролина Стокиќ  се најстариот брачен пар кој престојува во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Пријатно изненадува дека возраста не може да ја потисне остроумноста и хуморот со кој сопружниците Стокиќ раскажаа како се запознале  далечната 1944 година во фабрика за чевли во Германија за време на Втората светска војна, а веќе наредната година и се венчале. Близината која ја имаат сопружниците се чуствува во пристојно уредената соба на домот во кој Милан и Каролина се одлучиле да ги поминат деновите од десетта деценија на нивниот живот.

Имале убав исполнет живот, Милан работел како раководител на погон во четири фабрики за чевли во четири различни града од поранешна Југославија,  а Каролина го следела својот сопруг како работничка во фабриките за чевли. Последен пат работеле во кумановскиот гигант „ЧИК“. За речиси 74 години успеале много, но најважно им е семејството, двете деца, трите внуци и шест правнуци. Пресудно за нивниот престој во Домот за стари лица била расцутената кајсија во дворот на Домот, која ја видел Милан. Живееле во стан во Скопје, а поради возраста веќе не можеле да се движат, а тоа за авантуристот Милан, раскажува неговата сопруга, било пресудно да бара место каде ќе може да дружи со други врсници. Тој прв пристигнал во Домот, а потоа му се придружила и сопругата.

Собата во која престојуваат е солидно уредена со посебен тоалет. Такви се речиси сите соби во старскиот дом, кој е под надлежност на општината и на Министерството за труд и социјална политика.

– За да може да функционира една установа за социјална заштита како што сме ние, со капацитет од 170 корисници и да понуди квалитетна услуга треба повеќе средства отколку што ние имаме обезбедно согласно годишниот финансиски план. Буџетот на Домот има две сметки и тоа: една сметка ни е од финансиските средства кои ги обезбедуваме преку блок дотации од МТСП, додека другата сметка е сопствени приходи кои ги остварува Домот од услугите кои ги дава кон станарите. За 2018 година преку блок дотации имаме обезбедени буџет во вредност од 15.980.000 денари, а од сопствени приходи се испланирани околу 21.240.000 денари, изјави и директорот на Домот за Џемаљедин Неџипи.

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ е дом за приближно 150-тина корисници. Објектот е уреден, има простран двор во кој непречено можат да се движат старите лица. За нив се грижи стручен тим од социолози, психолози, на располагање имаат лекари од Општа болница Куманово, интернисти, психијатри, кои ја препишуваат потребната терапија. Им следуваат оброци и ужини кои соодвествуваат на возраста на корисниците. Во моментов во Домот сместени се 155 корисници, појаснуваат надлежните, иако,  бројот постојано се менува. Просекот за 2017 година бил 153 корисници.

– Во установата има две категории корисници. Првата категорија на станарите е сместена по нивна волја, приватно. Според нашиот правилник за сместување овие корисници треба да платат 11.800 денари. Втората категорија се корисници од социјален ризик. За нив сместување бара Центарот за социјална работа и надоместокот за сместување го покрива Министерството за труд и социјална политика, вели Неџипи.

Последниве години се повеќе семејства бараат сместување за своите родители во домовите за стари лица. Неможноста да се грижат за нив, поради обврските ги принудува да бараат постојана нега за возрасните членови од нивното семејство. Дел од нив се одлучуваат да ангажираат лице кое се грижи за возрасните, дел бараат сместување во домовите.

Според пресметките и проекциите на Обединетите нации, секое десетто лице во светот е старо лице со возраст над 60 години. Според  проекциите, се очекува до 2050 година, секое петто лице да биде старо лице, со возраст над 60 години, а во 2150 година, секое трето лице да биде со возраст над 60 години. Факт е дека Македонија старее и дека се потребни различни форми за згрижување на лицата во одредено доба. Во овој дом најголем број корисници се  луѓе над 70 години.

– Основна дејност на Домот е сместување и заштита на стари и изнемоштени  лица. Пресудно  едно лице  да биде примено во домот е неговата здравствена состојба. Установата, покрај сместување и исхрана, помош, нега, здравствена заштита, културно – забавен живот на корисниците, работно – рекреативни активности, услуги на социјална работа обезбедува и други услуги зависно од потребите, способностите и барањата на корисникот, вели социјалниот работник, од Домот за стари лица,  Виолета Маневска Георгиевска.

Ниту Македонија не е имуна на светските и европските трендови на демографско стареење на населението. Според одредени проценки, околу 15 проценти од населението во Македонија е над 60 години. Затоа, ваквите домови се неопходни за старите лица. Се поголемиот број барања за сместување во Домот ја наметнуваат и потребата од проширување на неговите капацитети и реконструкција на постоечките соби и простории.

– Од 2014 година, условите за сместување значително се подобрени. Реновирани се 30 соби и купатила. Во 2016 година беа сменети сите прозори на Домот, ставени се 600 квадратни метри плочки во холовите на домот. Во 2017 година  поставена е енергетски ефикасна фасада на целиот објект  и  сменети се сите огради на терасите со цел подобра изолација и поголема заштита. Исто така, за тековната година предвидени се пет милиони денари за реконструкција на кујната на Домот и набавка на нова опрема, вели директорот Неџипи.

Но, покрај ваквите инфраструктурни услови можеби позначајни се и активностите кои ги реализира тимот на установата за подобар социјален живот на старите лица. Се прославуваат празници, родендени. Доста често актерите од Кумановскиот театар, но и аматерските здруженија организираат претстави. Децата од градинките и училиштата постојано имаат мини приредби за нивните најголеми поддржувачи старите лица, корисници на услугите на Домот.

За развивање на чувство на сигурност на корисниците на услугите и активности за подобрување на квалитетот на живеењето удел има и социјалната служба во Домот. Таа е врска на корисниците со надворешните служби, поради остварување на нивните права и особено во организирање на контактите на корисниците со нивните  блиски роднини.

– Корисниците во салите за дневен престој ги следат телевизиските и радио програми, читаат весници, играат шах, карти, читаат книги. Социјалната служба големо внимание посветува на работа со група на корисниците во која се настојува да биде вклучен секој корисник, согласно неговите желби, интереси и психофизичка способност. Секоја година се донесува програмата за организирање на културно-забавниот живот и окупациона ангажираност на корисниците, вели Маневска Георгиевска.

Потребата да се најде место кое ќе го замени домот не е едноставно за семејствата на старите и изнемоштените лица. На природната и нераскинливата  врска на родителите и децата, сепак влијае брзиот начин на живот, неможноста да се посвети повеќе време и целосно внимание и грижата за старите членови од семејството. Домовите за стари лица се една од опциите за која можат да размислат и идните корисници и нивните семејства. Место каде што може да се помине староста, да се најде пријател со кој ќе се потсетуваат на минатите времиња.

Установата  „Зафир Сајто“, велат надлежните, настојува да обезбеди соодветни услови за своите корисници за да можат згрижено да ги поминат деновите, а нивните блиски да бидат сигурни дека членовите од семејството добиваат грижа за достојна старост и исполнет живот во третото доба.

Александра Максимовска

извор: МИА https://www.mia.mk/Mobile/mk/Home/RenderSingleNews/134?newsID=134241122

Tags: „Зафир Сајто“возрастдом за стариКумановоМТСПнадоместокпресметкипроекциисместувањесместување и заштита
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ