Еран Куртиш, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“ се осврна на подобрувањето на помалубројните заедници во сите сфери.
Јас релативно нов во агенцијата, поточно 5 месеци. Наследив агенција од претходниците мои со отворени врати кои имаат соработка со невладините организации и други институции од најважните 5 гранки.
Околу тоа можеме да кажеме дека сите креирани политики во врска со помалубројните заедници контактирани сме со сите заедници. Имаме одлична соработка со министерството за култура. Во последните две години гледаме дека има подобрување во тие сфери.
Ние ги претставуваме заедниците кои се споменати во преамбулата на Република Северна Македонија тоа се Турци Роми Срби, Бошњаци, Власи и уште 20 други заедници кои во преамбулата стојат како други.
Бројките се подобруваат секоја година но за жал според Рамковниот договор треба да работиме на овој случај и секојдневно ги следиме ситуациите.
Почесто ги посетуваме руралните средини каде што живеат луѓе од помалубројните заедници и следиме како тие живеат таму.