• Latest

Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

November 25, 2022

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

November 25, 2022 11:57
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Царинењето веќе се врши во целосна бесхартиена околина, и притоа завршува автоматски за еден час, со т.н. зелена царинска декларација – објави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

„Ова е голема новина во царинското работење, која на економските оператори им овозможува огромно забрзување на постапката, заштеда на време и ресурси. Истовремено, со ова Царинската управа станува институција со високо ниво на дигитализација, препознаена во земјата и во регионот“, вели Кутиров.

Во текот на вчерашниот ден, обработени се вкупно 833 увозни и 538 извозни зелени царински декларации, и за истите царинењето е успешно завршено за еден час, што претставува 80% од вкупниот број на поднесени декларации.

Царинењето за еден час се овозможува за увозни и извозни декларации кои се правилно пополнети и автоматски валидирани, со електронски приложени сите документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно зелени, кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли, и за кои се платени или обезбедени царинските давачки. Во моментот кога декларацијата е селектирана од системот на зелен канал, започнува да тече тајмер подесен на еден час, после кој истата автоматски добива статус дека се пушта во слободен промет.

Оваа постапка за царинење на стоката, застапниците ќе можат да ја спроведат далечински, без потреба да доаѓаат во царинските терминали и да комуницираат непосредно со царинските службеници.

Комуникацијата со застапникот за останатите царински декларации, селектирани од системот или од царинскиот службеник за документарна контрола, врз основа на дополнителни сознанија, исто така ќе се одвива преку системот.

За оваа новина во изминатата недела беа спроведени обуки за царинските службеници и  економските оператори.

Притоа, економските оператори ги поздравија заложбите на Царинската управа коишто се преземаат во континуитет за дигитализација и олеснување на трговијата, како важeн фактор за зајакнување на конкурентноста на компаниите и економскиот развој на земјата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ