Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават сè да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза, затоа што се исплашени од изборно соочување. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека нивното крајно неодговорно, несериозно и незрело однесување, посебно за време на тешката криза поради коронавирусот, ќе биде казнето од граѓаните и Мицкоски ќе остане запаметен како политичар кој се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше на Водно.
За сето тоа време, на техничкиот министер Наќе Чулев поважно му беше да го одбрани својот шеф отколку да обезбеди спроведување на мерките и задолженијата за спречување на пандемијата.
Со таквата изјава Чулев го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци. Ова е уште повеќе опасно ак се има предвид дека Мицкоски не е било кој туку предводник на политичка партија.
Уште еднаш по којзнае кој пат се потврдува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најважни се личните агенди и теснопартиските интереси.
Таква деструктивност е недозволива. И токму затоа, изборите се решение, а не проблем.
Со ново Собрание и со нова политичка Влада, со целосен легитимитет, институциите целосно ќе бидат посветени на почитување на законите и заштита на здравјето на граѓаните – особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.
Здравјето и квалитетот на живот на граѓаните се најважни и затоа е потребен целосно функционален демократски институционален систем“, рече Кузеска.