• Latest

Кузевски: Поголема јавна свест за објавување содржини на социјалните мрежи

February 3, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кузевски: Поголема јавна свест за објавување содржини на социјалните мрежи

February 3, 2020 15:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) во текот на минатата недела била контактирана за совет од страна на малолетни лица, жртви во случајот со групата „Јавна соба“ на Телеграм, која по барање на МВР е избришана. За истиот случај и невладина организација се интересирала во врска со постапката за пријавување на злоупотреби на лични податоци, за тоа кои се превентивните мерки што се потребни да се преземат при користење на социјалните мрежи и пристап на интернет и идни проекти и активности за едукација на младите на оваа тема.

Заменик-директорот на ДЗЛП Игор Кузевски за МИА изјави дека во случаи како „Јавна соба“ тие можат да постапуваат само доколку има соодветни докази или да упатат на МВР, а доколку се работи за барање за бришење на профил на Фејсбук се обраќаат до нивното седиште во Даблин. Кузевски вели дека доколку се работи за малолетно лице, тие мора кај нив да дојдат заедно со својот родител или старател.

-Ако имаме соодветни докази, а под соодветни докази подразбираме принтскрин, скриншот со слики каде се објавени фотографии или клипови заедно со дадена изјава од жртвата која тврди дека нејзините лични податоци се злоупотребени, веднаш може да поднесеме кривична пријава согласно член 149 од Кривичниот законик за злоупотреба на лични податоци до надлежниот јавен обвинител, по што ќе влезе во обвинителско судска постапка, појаснува Кузевски.

Доколку се бараат само консултации и нема елементи за пријава, но барателот се чуствува како жртва, вели тој, треба час поскоро да се направи бришење односно она што беше направено од МВР и групата е избришана и повеќе не постои. Во случајот со „Јавна соба“ бидејќи МВР имаше отворено предмет, сите ги насочуваме кон МВР за координирано да се настапи за сите жртви.

И во консултациите со претставниците на НВО која се обратила до нив, како што истакнува Кузески, им биле дадени токму овие насоки.

Заменик – директорот на Дирекцијата нагласува дека доколку се бара итна интервенција од нив ќе мора да има изјава од жртвата, и докази при што веднаш би поднеле кривична пријава до надлежниот обвинител.

Сепак, тој предупредува и дека и да биде побарано бришење постои опасност некој накаде на својот компјутер ги симнал фотографиите и видеата од групата или воошто она што е објавено на социјалните мрежи или медиуми. Затоа, вели тој, е важно да се зголеми свеста за ризиците од објавување вакви содржини.

-Новиот закон за заштита на лични податоци, кој деновиве треба да влезе во собраниска процедура, го утврдува правото да бидеш заборавен, но во пракса секогаш останува ризикот дека некој, што не мора да биде во Македонија, ги симнал локално на својот компјутер сликите, клиповите и како ризик дека нема некогаш некаде повторно да ги објави, можеби уште појавно од она што било сега во групата во „Јавна соба“. Затоа е важно подигнувањето на свеста кај сите и кај децата, кај родителите и кај наставниците, пред да се случуваат вакви работи, децата, ние родителите да сме свесни од ризиците од евентуални можни злоупотреби кога станува збор за објавување на фотографии, видеа на социјалните мрежи или генерално на интернет, вели Кузевски.

Во текот на оваа година Дирекцијата ќе реализира серија едукативни настани во повеќе средни училишта во земјата каде со учениците и со професорите ќе се разговара за ризиците при употреба на социјалните мрежи и социјалните медиуми. Веќе до нив со барање за едукативен настан се обратиле од средното училиште Васил Антевски Дрен.

Минатата недела по повод 28 јануари – Европскиот ден за заштита на лични податоци во ДЗЛП имаше отворени денови кога дваесетина лица ја конктактирале ДЗЛП со прашања за помош или за информации како да ги заштитат своите лични податоци.

За време на отворените денови во ДЗЛП имал седум пријави во врска со злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи односно креирани лажни профили и хакирани профили, а оссумина граѓани се интересирале за незаконска обработка на личните податоци кои се однесуваат на поставување на видео надзор на јавни места, употреба на биометриски апарати за евиденција на работно време, пренос на лични податоци во други земји.

Кузески објаснува дека доколку до нив има барање за бришење на профил на Фејсбук, ДЗЛП се обраќа до седиштето на социјалната мрежа во Даблин и во период не подолг од 24 часа, се проследува барање за бришење на лажен или хакиран профил.

-Но, доколку бара утврдување на злоупотреба и откривање на сторител, во тој случај ние не сме истраженорган и ги упатуваме граѓаните до МВР, истакнува Кузевски.

Минатата година до Дирекцијата стасале 356 претставки од кои најголен дел за злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, видео надзорот во зградите и приватните домови, остварување на правото на заштита на лични податоци, директ маркетинг, незаконска обработка на матичен број и копирање на документи и друго.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ