• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Лаги

June 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лаги

June 16, 2025 09:45
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Што мислите, го познава ли Мицкоски поранешниот претседател на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Груевски? Наскоро ќе дознаеме дека само слушнал за него дека бил претседател на партијата чии сукцесор е самиот Мицкоски и дека го сретнал неколку пати на седници на ИК, кога му беше Генерален Секретар на Груевски, а слушнал дека бил и претседател на владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 година, кога му беше советник за енергетика, ама не стигнал да го запознае.

И секако дека и не разговарал со него. Ете така тоа изгледа во практичната политика кон македонската нација и така Мицкоски ја гледа политиката и сопствената улога во ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Дури од 2017 година Мицкоски е запознаен со партијата, но само со непосредното раководство, другите не ги знае, само слушнал за нив. Не ги познава ниту претседателите на централните партиски комисии кои лично ги постави но цело време бил на подрум.

Само треба малку време и министерството за паметење и пропаганда се ќе избрише низ машината за паметење (чист Орвел на јаве). Би било многу чесно доколку Мицкоски јавно направеше промена на курсот на партијата, но тој избра да нас не прави на будали.

Накратко, поимањето на политиката за Мицкоски е исклучиво реализација на личниот интерес и ништо повеќе а сите други се минливи фигури без лик. Можеби и затоа не се сеќава на Нацев, затоа што никогаш не му го запаметил ликот, за него Нацев бил само фигура (пионче) кое е безлично и кое може да се жртвува.  А кој тоа го жртвува Нацев? Па секако некое лице под илјада маски кое се нарекува претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што му се случува на Нацев е само еклатантен пример за тоа како Мицкоски гледа на партиското членство, со какво потценување. Затоа и не препознава ниту барем ликови, не пак човечки суштества во партиските членови. Луѓе кои имаат свој живот, семејства, судбини. Уште по потценувачки гледа на граѓаните на Македонија. И тука има разлика во неговата перцепција.

Нашите сопартијци на Мицкоски му служат исклучиво и само како корисна маса (ај да не бидам вулгарен кон сопствените сопартијци и да употребам друг термин) за митинзи и разни јавни настапи на кои треба да се појави а му треба маса за да биде успешен ПР-от. Всушност да се врти во јавноста дека е многу сакан, како Тито, пардон, како Вучиќ – тој му е идол, на прво место а потоа Лазо.

Поедини „избрани“ од партијата (што би рекле од другите кругови, па се до внатрешниот круг, како во времето на Сталин) служат за разни краткорочни намени, првенствено заради сигурно спроведување на катастрофалните политики. Односно за инаетливо и во магарешки стил буткање на интересните цели на Мицкоски затскриени зад божем национални политики во кои страда Македонија и целата нација, додека тој ги брани македонските национални интереси.

Оваа група полтрони и клиентелисти на пониско ниво е првата од која најлесно се ослободува, но и тие се оние кои најбрзо се прешалтуваат откако ќе го остварат својот егзистенцијален интерес. Веќе по следните избори ќе се обидат да исчезнат од радарот на партијата. Потоа стануваат професионалци во администрацијата и молат Бога да дојде до промена на власта и следните да не ги чепкаат. Она повисоко ниво на клиентелисти и полтрони во партијата се оние во непосреден контакт со непосредното опкружување на Мицкоски или со него лично.

Е овие јадници се во најлоша состојба. Тие неможат да побегнат и да се скријат, а бидејќи се заглавени (што се вели ни напред-ни назад) и воедно Мицкоски им ветува функции. Тие пак како луѓе се надеваат дека од трет и втор ешелон ќе се доберат до прв или втор ешелон и ќе имаат државни функции на високо ниво. Патем, дека од тие функции ќе можат да крадат од народното азно, што им е приоритетна цел која ја преземаат токму од првиот ешелон.

Токму затоа и се согласни да ги спроведуваат на терен и во дело сите гнасотии и измислици на Мицкоски во интерес на неговите лични лукративни цели. И така, тие токму тука се зафркнуваат. Мислат дека Мицкоски многу ги сака, ги гледа како негови доверливи соработници, лица, ликови, па дури и личности, па им доверува стратешки задачи од интерес на партијата и негов личен интерес, и тоа во четири очи. Патем се надеваат дека во таа игра дека ќе можат да ќарат нешто и за себе.

Се започнува преку класични внатрепартиски пресметки, односно елиминација (политичко-партиска егзекуција) на оние кои не му се лојални на Мицко. Кога тука овие корисни јадници ќе се докажат, влегуваат во групата на презервативно употребливи корисни идиоти. Односно, сега Мицкоски преку нив проигрува божем шпионско-безбедносно-бизнис-политички доверливи комбинации кои треба пред се нему да му користат во разни услови и потреби, но секако тоа не им го кажува.

Им прави филмови колку се тие значајни, обраќајќи им се по име и интимизирајќи ги партиските односи, уживајќи кога тие во сиот нивен занес дека ги огреало „сонцето на вистината и вечната светлина“ во лицето на божеството Мицкоски ќе му се пикаат во анусот натпреварувајќи се во додворувањето кон него. Од толку што му се полтронизираат дури и тие го следат светлиот пример на Мицкоски и се откажуваат од Нацев. Не го познаваат човекот иако со него беа на партиски протести и по кафеани и штабови. Но не бил тоа Нацев, тоа бил некој никој. Сега ќе започнат со интензивно бришење на сликите и другиот доказен материјал.

Ете токму така започна и колегата Нацев и така и заврши. Тоа што го сместија на Воена академија како професор (патем мора да кажам дека човекот за разлика од некој други кои се уште се во обид да ги сместат ама не им успева затоа што немаат законски услови да бидат избрани, е потполно чист во однос на образованието и изборот во звања) беше само да му замачкаат очи, и пред да му текне дека го лажеа дека ќе биде министер, односно ќе влезе во внатрешниот круг.

Нацев згреши што им поверува а јас впрочем, не сум изненаден. Тоасамо покажува колку луѓето може да бидат корисно (зло) употребени и се употребени од страна на Мицкоски, без било какви скрупули. Истиот тој Мицкоски кои го именува Нацев за претседател на комисија за одбрана сега не го познава Нацев, само чул за него. Но токму водејќи го по тој пат, Мицкоски го доведе Нацев до провалијата каде што на човекот му го уништи животот.

Доколку Нацев одговара (се уште е во фазата осомничен) за тоа за што се товари, тоа значи дека долго време ќе биде „на топол оброк, трипати на ден“, што би рекол еден наш познат новинар кој во последно време има исклучително добри анализи и очигледно вистински информации од внатрешниот круг на Мицкоски.

Но тоа значи уште повеќе дека колегата Нацев ќе ја изгуби работата, потоа наставно-научното звање и всушност целиот живот ќе му биде пореметен или народски кажано заебан, со уништена каирера. И сето тоа само затоа што Мицкоски „не го познава“, ама од скоро не го познава. Порано го познаваше и тоа добро, а тоа јавноста не треба никако да го знае, во спротивно ќе се наруши „угледот“ на Мицкоски. Но прашање е сега дали Нацев пред ЈОГОК ќе се сети на неговите познанства и состаноци, а и заеднички активности со Мицкоски? Посебно оние поврзаните со Рубикон и разговорите во четири или три и пол очи.

Е сега, бидејќи, Мицкоски е во кавга со сите, вклучително и со обвинителството, не сум сигурен како ќе завршат случувањата околу Кочани, посебно во однос на одлуките на судската власт и дали воопшто некој ќе му дозволи на Мицкоски да чепка околу судството и обвинителството во вакви сензибилни околности. Згора на се, тука е случајот со Висар Ганиу што значи проблем со ВЛЕН, но според се, веројатно тука ќе се појават и прашања за градоначалници од нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, оние кои нели немаат афери. Како ми изгледа Данела нема да престане да работи и замолчи, посебно затоа што ПР стратезите во партија упорно ја провоцираат. Браво мајстори, така треба, удри само, остро и на прва.

Аман Христијан, барем да знаеш да молчиш, да се скриеш и да се затнеш, ај што немаш контрола над ПР мајсторите. Но доцна е сега, очигледно ти излегоа од контрола работите, доколку некогаш нешто и си контролирал. Изгледа к’сметот престана да работи. Ти си во паника и тоа ти се гледа во настапите.

Има моменти кога треба да се повлечеш од јавни настапи и да се посветиш на консолидирање на довербата во партијата пред се. Можеш да го имитираш Вучиќ до бесвест, и да се караш со сите во партија и во макеоднската јавност, а и со партнерите од НАТО и ЕУ, но ништо нема да постигнеш. Македонија е земја членка на НАТО и таквите модели не поминуваат. Тоа што ќе се случи ќе бидат последици врз сите нас, а тука мислам на сите нас во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што со сигурност го знаеме е дека како и Нацев, сите до еден ќе ги пуштиш низ вода и тоа во првиот миг кога ќе почувствуваш дека може тебе да те загрозат. Ти преку случајот Нацев покажа неколку работи:

Прво, дека немаш емпатија кон никого и секој за тебе е корисен само доколку работи за твој интерес, вообичаено лукративен, политички ниту имаш ниту знаеш што е.

Второ, дека си подготвен да бидеш брутален кон секого до степен да го избришеш како никогаш да не постоел, како Големиот брат си.

Трето, дека немаш никаква етика, ниту човечка ниту партиска, а се прашувам дали ги сакаш и твоите дома или и тие ти се дел од личниот ПР да глумиш традиционалист…

Четврто, дека си склон кон местенки, што покажува дека си недоверлив партнер за соработка, единствено доколку другата страна не те држи за врат со нешто што може да ти наштети, а тоа добро го знаеш, затоа на некои адреси си кроток како маче, предеш.

Петто, дека си склон кон криминално дејствување кое во комбинација со незнаењето кое го покажуваш на јавна сцена е типична карактеристика на мафијашко однесување од страна на недозраена личност.

Шесто, дека си лажго, и тоа лажго патолошки без честичка срам и перде.

А одамна ти кажав дека ти не смееш да бидеш Заев, но ти Христијан го надмина Заев. Покрај се, Заев беше и остана пазарџија, а ти се претставуваш за универзитетски професор, а всушност си бетер од Заев, затоа што докторската титула и наставно-научното звање ти наметнуваат поголема одговорност во однесувањето.  Па како мислиш да ти веруваме како членови на ВМРО-ДПМНЕ после ова што го гледаме низ случајот Нацев. Нацев, како македонски Драјфус, во криминална перцепција на удбашка изведба во режија на Мицкоски.

И повторно ќе повторам, уште во Март ти реков дека требаше да поднесеш оставка на местото премиер и доколку тоа го направеше сега се ќе беше поинаку за сите нас, пред се за партијата, но најмногу за државата.

Драги мои сопартијци, дали нашата партија ВМРО-ДПМНЕ е мафијашка организација? Политичка партија заснована на криминално, заканувачко и лажливо однесување?

После сите лаги изречени од страна на Мицкоски и безобѕирното трошење на луѓе за реализација на неговите болни, психопатолошки, амбиции – дали сега ви е јасно драги мои сопартијци зошто се организиравме како фракција!?

И ајде што не лажеш нас партиските членови и македонските граѓани, ти се обидуваш да се лажеш и самиот себе и уште си веруваш во сопствените лаги. Ете тоа е за психолошка анализа.


Текстот е личен став на Авторот. 
Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ