• Latest

Лани највисоката годишна бруто плата 2,7 милиони евра, исплатена во приватното здравство

December 15, 2017
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лани највисоката годишна бруто плата 2,7 милиони евра, исплатена во приватното здравство

December 15, 2017 12:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Највисоката годишна бруто плата во Македонија лани е исплатена во приватното здравство и изнесува 167.786.446 денари (2,7 милиони евра), а 25,6 (416.000 евра) милиони денари е највисокиот исплатен бонус од работен однос на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави денеска Управата за јавни приходи врз основа на поднесените годишни даночни пријави од граѓаните во 2016 година.

Како што информира на прес-конференција директорката на УЈП Соња Лукаревска, граѓанин од Скопје минатата година пријавил највисок годишен приход од 255 милиони денари. Највисоката остварена капитална добивка во 2016. изнесувала  82,8 милиона денара, а досега највисока таква добивка е пријавена во 2008 година и изнесувала 908.995.813 денари. Од повремено вршење услуги жител на Велес заработил 58,3 милиона денари, додека граѓанин од Скопје пријавил заработка од 109,1 милион денари од дивиденди и други приходи остварени од учеството во добивката.

Пензионери од Скопје и од Струмица пријавиле најголема заработувачка во 2016 година кои освен пензијата оствариле приходи и по други основи. Прворангиран е пензионер од Струмица кој пријавил 41,8 милиони денари вкупен годишен бруто приход по сите основи вклучувајќи ја и пензијата.  Највисок годишен бруто приход само по основ на пензија лани е пријавен во Скопје  во износ од 1.838.837 денари или 30.000 евра.

Прворангиран според вкупно остварени приходи од имот и имотни права во кои спаѓаат издавање земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид имот, во 2016 година е обврзник од Тетово кој пријавил 65,5 милиони денари. Највисок вкупен бруто приход од 17,3 милиони денари од авторски права и права од индустриска сопственост пријавил обврзник од Скопје. Од милион до 27 милиони денари се износите што ги пријавувале граѓаните од добивки од Лото, обложување, казино и учество во наградни игри, при што највисока добивка односно вкупен бруто приход од игри на среќа остварил жител на Скопје кој само по тој основ пријавил 27,5 милиони денари.

Лани годишна даночна пријава до УЈП поднеле 439.689 граѓани кои пријавиле годишни бруто приходи во износ од 173.592.004.847 денари, како и персонален данок во износ од 10.133.228.081 денар. Наспроти нив 63 илјади физички лица не доставиле годишна даночна пријава во законски пријавениот рок до 15 март минатата година. Дел од нив доброволно се пријавиле во УЈП и платиле персонален данок. Со другите кои се уште не ја исполниле обврската се контактира со цел, како што рече Лукаревска, доброволно да се усогласат затоа што целта не е веднаш да се спроведува казнена политика. Казната по овој основ изнесува од 100 до 200 евра во денарска противредност.

Најмногу ГДП се поднесени во подрачјето на Регионалната дирекција – Скопје 169.943, а најмалку во Тетово 36.528. Според пресметките на УЈП, најголемиот број граѓани, 421.244 оствариле бруто приходи кои се движат од 100 илјади до милион денари, а 21.945 граѓани, пак, имаат бруто приходи од над милион денари.

„Анализите на УЈП од  поднесените годишни даночни пријави ги одразуваат  состојбите за деловните активности на граѓаните во текот на 2016 година но и се показател за нивото на даночната свест и усогалсеност на граѓаните“, рече Лукаревска.

Како што информираше, граѓаните ќе имаат обврска да поднесуваат ГДП уште наредната година, по што тоа во нивно име ќе го прави УЈП.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГДПЛукаревскаплатиподатоциУЈП
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ