„Поддршка за Украина е врвен приоритет на шведската влада во поглед на надворешната политика. На ова гледаме како морална обврска и незаменливо инвестирање во европската безбедност, независност и иднина. Од тие причини Шведска ja зголемуваше својата поддршка секоја година од војната. Од почетокот на целосната инвазија, поддршката изнесува 6,3 милијарди евра. Шведската влада неодамна го презентираше и својот 19 пакет на воена помош за Украина… Мир за кој се преговара од позиција на слабост, само ќе ја охрабри да продолжи и понатаму руската агресија3, изјави Ами Ларсон Џаин, амбасадорката на Шведска во Северна Македонија на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025 што се одржа во Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
„ЕУ е клучна во обезбедување на долготрајна поддршка за Украина и отфрлање на Русија. ЕУ игра и значајна улога во зацврстување на одбранбената индустрија, воена мобилност и цивилна подготвеност во Европа. Уште повеќе ЕУ е клучна за спроведување на ефективни санкции. Шведска воведе санкции против Русија за природниот гас и флотите во сенка, како и за употреба на вонредни приходи имобилизирани руски средства за да поддржи Украина.
Шветска ќе продолжи да обезбедува политичка, хуманитарна, воена и финансиска помош за Украина до кога и да е таа потребна“, изјави Ларсон.
Б. Ј.