• Latest
Фото: ALEXANDER ZEMLIANICHENKO/POOL VIA REUTERS

Лавров нема каде да лета, Зеленски порача – децата нема да станат сопственост на руските окупатори, пропадна барањето на ВМРО ДПМНЕ да се расправа за Џафери

June 6, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Лавров нема каде да лета, Зеленски порача – децата нема да станат сопственост на руските окупатори, пропадна барањето на ВМРО ДПМНЕ да се расправа за Џафери

June 6, 2022 15:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: ALEXANDER ZEMLIANICHENKO/POOL VIA REUTERS

Фото: ALEXANDER ZEMLIANICHENKO/POOL VIA REUTERS

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лавров ја откажа посетата на Србија откако три земји го затворија воздушниот простор за неговиот авион

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа посетата на Србија откако соседните земји го затворија воздушниот простор за неговиот владин авион, објави Ројтерс. Бугарија. Северна Македонија и Црна Гора одбија да дозволат минување на руските владини авиони на релација Москва-Белград преку нивниот воздушен простор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: Неизбежноста од казната во принцип е она на што Украина дефинитивно ќе ја научи Русија. Но, пред сè, мора да го научиме тоа на бојното поле дека Украина нема да биде освоена, дека нашиот народ нема да се предаде, а нашите деца нема да станат сопственост на окупаторите. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати порака на Телеграм, каде што објави и серија фотографии.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската Федерална служба за безбедност во своите документи признава дека пропагандата на Кремљ нема доволно влијание врз населението и ја губи информациската војна, објави Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.  Од Центарот велат дека руските специјални служби развиле акционен план за правилно „зомбизирање“ на населението на окупираните територии, што на крајот не успеа.

Вооружените сили на Украина се држат додека руските напаѓачи го напаѓаат градот Сиевиеродонецк во областа Луганск, изјави Серхи Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, во објава на Телеграм.

„Русите го напаѓаат Сиевиродонецк… Таму траат улични борби. Сепак, украинските вооружени сили ја држат одбраната. Шефот на државата, кој ноќе ги посети нашите напредни позиции во регионот Луганск, беше убеден во тоа“, напиша тој.

Украинските сили ги продолжуваат локалните контранапади против руските сили, пишува Институтот за војна (ISW) во својата дневна анализа објавена доцна синоќа. Меѓу другото, со изненадувачки контранапад во изминатите неколку дена ослободени се големи делови од Северодоњецк, градот што минатата недела беше пред целосен колапс.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

РАСПРАВА Со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, претседател на Собранието. Откако птретседателот на Комисијата Панчо Минов го прочита предлог дневниот ред петмина пратеници од власта гласаа против дневниот ред, додека четворица членови на опозицијата беа да се расправа за предлогот. Минов констатира дека не е прифатен дневниот ред и ја затвори седницата.

ПОТПИШУВАЊЕ Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан на полето на взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, информираат од Владата.

ЗАБРАНА Министерството за надворешни работи го одби барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација, соопшти денеска МНР во врска со одлуката да не се дозволи прелет преку нашиот воздушен простор на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше да отпатува во посета на Србија.

МЕДИУМИ Кај три вербални напади врз новинарки во 2021 година, заканите доаѓаат од политички фигури. Тоа говори многу за ниската култура за јавна комуникација на релацијата носител на јавна функција – новинар, но говори и за тоа дека носителите на јавни функции лесно се охрабруваат да упатуваат закани кон новинарките.

ЕКОНОМИЈА Откако инспекциските служби ќе утврдат дали порастот на цените е реален, Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Toj останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на одредени производи, а како пример посочува тестенина за која маржата на добивка за два дена скокнала од 4 на 72,5 проценти.

ЗЕЛЕНИ 

Петрова: Во моментот во Северна Македонија нема национален склад за радиоактивен отпад

Петрова се обрати на Втората конференција на Асоцијацијата: Центар за анти-тероризам и мир “Гардијан”- Куманово, која беше посветена на пост-Ковид состојбата на глобалната и регионалната безбедност, состојби, перспективи и предизвици. Конференцијата ја отвори Бранислав Јовчевски, претседател на Асоцијацијата.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Ѓорѓи Лазаревски – првиот македонски „свиркач“, првиот укажувач, човекот кој на сметка на своето спокојство се жртвуваше за доброто на сите и чија совест урна режим. Тој зборува за своите премрежија во времето кога ги обелодени нелегалните активности во УБК со масовните телефонски прислушувања во институцијата која, наместо да ги штити, ги компромитираше своите граѓани.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ