• Latest

Лавров: Западната тројка да не ги премине „црвените линии“ во Сирија

April 20, 2018

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лавров: Западната тројка да не ги премине „црвените линии“ во Сирија

April 20, 2018 09:59
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за „Спутник“.

– Претседателот Путин е подготвен за таков состанок, потенцираше Лавров.

Тој дополни дека организациската подготовка на Самитот не е почната.

Русија и коалицијата предводена од САД имаа контакти на ниво на воени ресори, набрзо пред американските ракетни напади во Сирија. Тогаш Москва предупреди нападите на кои реони ќе бидат „црвена линија за Москва“, појасни рускиот министер.

– Пред реализацијата на плановите за изведување напади на западната тројка, началникот на Генералштабот на оружените сили на Русија Валериј Герасимов јасно кажа дека доколку некои акции на т.н. коалиција нанесат штета на руски војници, јасно и остро ќе одговориме. Притоа, ќе ги сметаме за легитимни цели не само ракетите, туку и системите од кои се истрелани. Тоа беше кажано јасно и недвосмислено, потенцираше Лавров.

Шефот на руската дипломатија наведе дека потоа биле одржани контакти на ниво на воени раководства, на ниво на генерали и меѓу руските претставници и командата на американската коалиција.

– Тие беа информирани каде се нашите „црвени линии“, вклучувајќи и на „земја“, географски. Во секој случај, резултатите покажаа дека тие не ги преминаа „црвените линии“, појасни Лавров.

Руската војска претстави докази дека сириски ПВО соборил дел од ракетите истрелани од САД, Велика Британија и Франција.

Што се однесува на претстојниот самит меѓу американскиот претседател и неговиот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, Лавров истакна дека Москва им посакува успех.

– Ние ги поздравуваме и меѓукорејскиот Самит во април и американско-севернокорејскиот, за кој Трамп рече дека ќе биде во мај или јуни, истакна Лавров.


Извор: МИА

Tags: Владимир ПутинДоналд ТрампСАДСергеј ЛавровСиријацрвени линии
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ