• Latest

Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото

August 10, 2022

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата во владеењето на правото

August 10, 2022 10:59
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната соработка е клуч за борбата против организираниот криминал, а отворениот пристап кон јавноста, објавувањето на пресудите поврзани со организиран криминал, перење пари и корупција е од големо значење за јавноста. Пресудите мора да бидат добро образложени и јасни и за засегнатите во тие предмети, но и за јавноста.Тоа е една од областите каде што треба да се работи. Да ги доближиме пресудите до граѓаните, вели Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Северна Македонија и национална координаторка на проектот на АИРЕ/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација и управување со имот произлезен од кривично дело, пренесува МИА.

Лазарова Трајковска, на денешната презентација на Регионалната мрежа на експерти за ова прашање воспоставена од Совети за индивидуалните права во Европа (АИРЕ) центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, исто така, укажа на важноста на следење на стандардите на Европскиот суд за човековите права во оваа област и комуникацијата со експерти од просторот на Западниот Балкан.

– Клучната мотивација за регионалниот дијалог е изнаоѓање одговор на прашањето „каде се слабостите, а каде се добрите искуства на системот во мојата земја?“ Како судијка на Врховниот суд работам на предмети во кои се појавува имот произлезен од кривични дела, па препознавам колку е важно постојано да ја подобруваме нашата судска практика. Мерката конфискација на имот може да биде од голема корист, не само за заштита на економијата од корупција, туку правилната примена на конфискација на имот во постапки каде што постои организиран криминал служи за заштита на јавното добро. Јас верувам дека добар закон, добро допро применет во пракса, може да донесе јакнење на владеењето на правото. Корупција, организиран криминал и перење пари ги напаѓа јавните добра и не смее да остане неказнет(а), па на мора да  се одземе она што не им припаѓа на сторителите на ваквите криминални активности. Моите мотиви во регионалната соработка се поврзани со мојата сегашна професија, но и со моите претходни професионални активности, и имаат за цел да споделам знаења од судската практика на ЕСЧП, а преку компаративен пристап, да се подобрат практиката и законите и во мојата земја, рече Лазарова Трајковска, се вели во соопштението од AIRE центарот.

Судијката Лазарова Трајковска вели дека неуморната работа во оваа област е прашање на морална и законска должност.

– Денес и овде борбата за владеење на правото и против организираниот криминал е патриотска работа и должност. Мора да има взаемна поддршка и соработка во регионот и поврзаност на институциите. Со помош на АИРЕ центарот и РАИ на тој начин ја јакнеме и судската култура за отворен пристап кон јавноста. Транспарентноста помага во градење на довербата во судството и правдата, рече Лазарова Трајковска.

Конфискацијата е едно од најефикасните средства за борба против организираниот криминал, но е од особено чувствителен карактер. Судиите, се вели во соопштението, мора да го применуваат законот и да бидат свесни дека станува збор за право на имот, што значи дека мора да ги утврдат сите факти до последниот детал, за правилно да го конфискуваат имотот, имајки го пред себе јавниот интерес мора да внимават никако да не го повредат приватниот интерес.

– Затоа е важно сите институции да бидат изградени на здрави темели. Така на пример, зборувајки за македонските искуства и добри практики, може да се каже дека Комисијата за спречување корупција заслужува пофалби.Транспарентниот начин на избор на оваа комисија создаде во јавноста перцепција дека  таа  работи непристрасно. Понатаму, значајно е понатамошно поткрепување и унапредување на институциите кои работат на следење на паричните текови.. Покрај тоа, во Јавното обвинителство беше формирана посебна канцеларија која ќе се грижи за меѓународната соработка во врска со постапките за замрзнување и конфискација на имот. Македонија направи и Стратегија во врска со конфискацијата и управувањето со одземениот имот, која ги обединува сите релевантни институции. Сепак, како и во Регионот, и во мојата земја има уште да се сработи. АИРЕ центарот и РАИ придонесуваат да се подигне свеста за тоа кои се нашите предизвици, на што треба да работиме, кои се празнините што треба да ги пополниме. Едукацијата, прирачниците, упатствата и размената на искуства се темелот на толку потребниот напредок. Затоа растеме заедно, заклучува судијката Лазарова Трајковска.

Преку регионална соработка, воспоставена е онлајн (интернет) платформа фокусирана на поврзување и информирање за конфискација и управување со имот произлезен од кривични дела, а Мрежата на експерти ќе ги постави темелите за позначајна соработка меѓу јурисдикциите од Западниот Балкан во иднина.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ