• Latest

Лажна вест: Македонија со најмногу починати од COVID-19 на 1 милион жители во регионот

April 9, 2020
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лажна вест: Македонија со најмногу починати од COVID-19 на 1 милион жители во регионот

Tенденциозно манипулирање со податоците за ширење паника меѓу населението и оцрнување на институциите за прибирање политички поени во време на криза

April 9, 2020 16:27
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Твитер деновиве се појави инфографик во кој Северна Македонија се прикажува како земја на Балканот со најмногу починати од COVID-19 на 1 милион жители. Авторот на инфографикот е непознат, но затоа статистиките на кои се повикува неименуваниот автор се достапни и познати и лесно можат да се проверат.

Она што е евидентно од прв поглед на инфографикот е отсуството на Словенија меѓу земјите кои се опфатени во прегледот. Според енциклопедијата Британика, Балканот го сочинуваат следните држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија – земји кои се целосно или делумно лоцирани во рамките на полуостровот, додека делови од Грција и Турција се исто така лоцирани во географскиот регион генерално дефиниран како Балкански Полуостров.

Па така, ако ги земете податоците објавени на веб-сајтот Worldometer заклучно со 9 април 2020 г. до 16 часот, од земјите во регионот односно на Балканот, Словенија се наоѓа на првото место по бројот на починати од COVID-19 на 1 милион жители, и тоа 21, потоа следуваат Северна Македонија со 14, Босна и Херцеговина со 11, Турција со 10, Србија, Грција и Албанија со 8, Хрватска со 5, Бугарија и Црна Гора со 3, а за Косово нема податоци.

Некои медиуми ја пренесоа информацијата како факт, повикувајќи се на објавата на Твитер од страна на псевдоним и алудирајќи дека министерот за здравство Венко Филипче ја прикрива реалната слика за сериозноста на здравствената криза со COVID-19 во Северна Македонија, со сензационалистички и малициозни наслови: „Каде е Македонија на регионалната „црна листа“ за Ковид-19? (ФОТО)“ и „ФИЛИПЧЕ НЕ ЈА ПОКАЖУВА ОВАА СЛИКА: Македонија е нa прво место на црната листа на пoчинaти од кopонавирус на милион жители“. По спроведената проверка на бројките, констатираме дека станува збор за лажна вест.

Фото: Принтскрин/think.mk
Фото: Принтскрин/expres.mk

Прво, изоставувањето на Словенија (која има приближно иста популација како Северна Македонија) од обработката на податоците поврзани со пандемијата на новиот коронавирус е веројатно направено намерно, за да се прикаже Северна Македонија како земја од Балканот со најмногу починати на 1 милион жители. Тоа е лага. Вистината е дека Северна Македонија би се нашла на второто место кога би правеле таква листа.

Второ, таквото тенденциозно манипулирање со податоците остава простор за сомнеж дека станува збор за пропаганда, излезена од кујната на некој од центрите на моќ, што би можела да придонесе кон непотребно ширење паника меѓу населението и преиспитување на исправноста на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за заштита и превенција од COVID-19, па дури и последици по јавното здравје како резултат на евентуалното непочитување на истите, како и поткопување на кредибилитетот и оцрнување на владата, министерот за здравство и другите релевантни институции инволвирани во националниот одговор на пандемијата на новиот коронавирус, а сѐ со цел прибирање на политички поени во време криза.

Трето, не треба да се игра така лесно со толкувањето на статистиките бидејќи во случајов треба да се земат превид и другите околности на починатите од компликации поврзани со COVID-19, како што се на пример нивните возраст, здравствена историја, хронични болести, коморбидитети итн. Затоа е најдобро прашањата околу бројките и нивното значење да се адресираат до епидемиолозите во Институтот за јавно здравје кои можат попрецизно и поточно да дадат толкување на статистиките во нашиот контекст.

Согласно насоките за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19), издадени од Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Советот за етика на медиумите во Македонија, новинарите се должни да направат добра проверка на информациите пред да ги објават во нивните медиуми, а за да се осигура етичко, професионално и одговорно известување за коронавирусот.

Петар Стојковиќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ