Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска изјави за локални медуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата.
– Ставам крај на оваа коалиција и агонија, изјави Трифонов
– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.
– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој
Според него, тоа е советничка на Петков, Весела Чернева.
– Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов.
Тој истакна дека не е јасно за што е потрошена најголемата сума во историјата на Бугарија – 9 милијарди лева за девет дена во декември 2021 година.
Владината коалиција има четири партии – Продолжуваме со промените, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија, пренесува
Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“.
Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.
– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор.
Ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.
Претходно, Трифонов најави повлекување на мминистрите од таа партија кои се во владата поради две причини.
– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.
– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој, јавува МИА.