• Latest

Лидерот на „Левица“ Апасиев шири дезинформации и поттикнува нетрпеливост и омраза кон неистомисленици

October 15, 2021

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лидерот на „Левица“ Апасиев шири дезинформации и поттикнува нетрпеливост и омраза кон неистомисленици

Лидерот на партијата „Левица“, Апасиев дезинформира дека споменатите лица, браќата од Пука Козметика, односно Жарко и Дарко Масларковски, „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“. Дезинформацијата има голема тежина, не само затоа што извира од лидер на политичка партија, туку и од пратеник и професор по право, кој има стручни познавања да го толкува обвинителниот предлог кој самиот го споменува.

October 15, 2021 15:23
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Лидерот на партијата „Левица“, пратеникот и професор по римско право Димитар Апасиев, во Фејсбук статус пишува дека кандидати за советници се гонат кривично за извикување „Македонија“ на протест, а во коментари користи навредлив и потпалувачки говор (кон „Северџанските заевисти“ и „либтардфашисти“). Дел од медиумите го пренесуваат контроверзниот статус на Апасиев без да го проверат, помагајќи со тоа во ширење на дезинформации и говор на омраза.

Медиуми шират дезинформации на лидерот на Левица дека кривично се гонеле лица заради извикување „Македонија“

Во написот на порталот Локално со наслов Апасиев тврди или прашува: Јованоски, кој му се спротистави на Заев, повикан на распит во полициска станица!?, е објавен Фејсбук статус на Апасиев, во кој се реферира и на „Браќата-рапери ПУКА Козметика“:

„Браќата-рапери ПУКА Козметика, кои се на нашата советничка листа во Аеродром, наместо за прекршок се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест!?“

На крајот од написот во порталот Локално, наместо да ја провери вистинитоста на информациите што се објавени, имено, дали навистина некои кандидати за советници „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“, новинарот изнесува дилема: „Бидејќи Апасиев не тврди дека ова е случај, останува прашање дали овие тврдини се вистинити или не.“

Се разбира, „тврдините“ не се искази, туку градби, па не може да се постави прашање за нивната вистинитост. Шегата настрана, но ни авторот на написот во „Локално“ не знаел како да ги третира речениците од статусот на Апасиев што завршуваат со извичник и прашалник – дали како тврдења или пак како прашања. Да погледнел во Правописот на македонскиот јазик, ќе дознаел дека „Извичникот се употребува заедно со прашалник за да се зголеми изразноста на извичната содржина и да се означи чудење“.

Но, без разлика што притоа се изразува и чудење, останува новинарската одговорност да се провери вистинитоста на содржината што се извикува – дали навистина некои кандидати за советници на Левица „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“?

Во написот Како од прекумерно користење на сила (полициска бруталност) до напад на службено лице!!!, објавен на „Антропол“, им се дава простор на активистите на Левица Дарко и Жарко Масларковски („Дарко е носител на советничката листа во Општина Аеродром, а Жарко е кандидат на советничката листа на Град Скопје.“).

Во текстот стои дека против нив има неосновано обвинение:

„Неоснованото обвинение против нив веќе три години се чува во фиока, рочиштата неколкупати им се откажувани а судењето е закажано на само ден после првиот круг на изборите.“

Во текстот се пренесува Фејсбук статус на еден од браќата Масларковски, во кој се опишува само нивната верзија на настаните и е објавена копија од обвинителниот предлог кој е посочен од страна на Апасиев.

Исказот на Апасиев, спореден со обвинителниот предлог и јавно достапните податоци не ја поминува проверката на факти во следниве делови:

  • „Браќата-рапери ПУКА Козметика, кои се на нашата советничка листа во Аеродром“ (Само Дарко Масларковски е на прво место на советничка листа во Аеродром, а Жарко Масларковски е на 13 место на советничка листа во Град Скопје).
  • „наместо за прекршок се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест!“ (Постои обвинителен предлог, објавен на Фејсбук страницата на еден од кандидатите за советници на Левица, но споменатите лица воопшто не се товарат „за извикување „Македонија“ на протест“, туку за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работа на безбедноста“.
  • Во самиот обвинителен предлог воопшто не се спомнува никакво „извикување „Македонија“ на протест“!
обвинителен предлог против браќата Масларковски, извор: ФБ објава на Масларковски

 

обвинителен предлог против браќата Масларковски, извор: ФБ објава на Масларковски

Следствено, може да се заклучи дека лидерот на партијата „Левица“, Апасиев дезинформира дека споменатите лица „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“.

Дезинформацијата има голема тежина, не само затоа што извира од лидер на политичка партија, туку и од пратеник и професор по право, кој има стручни познавања да го толкува обвинителниот предлог кој самиот го споменува.

И други медиуми ја проширија дезинформацијата на Апасиев, додавајќи и свои дезинформации. Така, насловот на Плусинфо „ИВАН ЈОВАНОВСКИ КОЈ МУ ДОФРЛАШЕ НА ЗАЕВ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА Апасиев реагира дека тој наместо за прекршок се гони за кривично дело“ ја содржи следнава дезинформација:

„Тој реагира на дека Јовановски наместо за прекршок се гони за кривично дело.“

Во статусот на Апасиев е јасно дека изразот „наместо за прекршок се гонат кривично“ не се однесува на Јовановски, туку на „Браќата-рапери ПУКА Козметика“.

Поттикнување омраза

Во коментарите од ФБ статусот, лидерот на Левица, Апасиев поттикнува омраза не само против „Северџанските заевисти“ туку и против оние што ги нарекува „Либтардфашисти“.

Професорката и експертка за човекови права, Мирјана Најчевска тврдеше дека изразот “северџан” е класична употреба на говор на омраза:

“Со употребата на овој термин одредена група на луѓе се прави обид да се дехуманизира или во случајов да се деидентизира. Значи некои луѓе се обидуваат други луѓе да ги наречат на начин кој не само што омаловажува и понижува туку и им одзема одредени карактеристики. Тоа може да води било во ограничување на правата на тие луѓе во одредена ситуација, било во создавање на непријателска атмосфера и во иднина оправдување на насилно однесување кон оваа група луѓе”, вели Најчевска. („Терминот „северџан“ за дополнителни поделби“).

коментари на Фејсбук објавата на Димитар Апасиев, извор: ФБ статус на Апасиев
коментари на Фејсбук објавата на Димитар Апасиев, извор: ФБ статус на Апасиев

Изразот „либтардфашисти“ нема да го најдете ако гуглате, но истиот е составка од „либтард“ и „фашисти“. Според извесни толкувања, „либтард“ се користи од конзервативни тролови за да се навредуваат либералите како глупави. Во Cambridge Dictionary ќе го најдете следниов опис на „libtard“:

„се користи од екстремни десничари за упатување на некој кој верува во лична слобода и дека парите, сопственоста и моќта треба да бидат чесно споделени. „Либтард“ е комбинација од „либерал“ и „ретард“.“ (Definition of libtard from the Cambridge Advanced Learner’s Dictionary & Thesaurus © Cambridge University Press).

И од овој опис е јасно дека пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев користи екстремно-десничарски говор, кој не само што навредува, туку и поттикнува нетрпеливост кон либерали и лица со попреченост, на кои им го калеми и зборот „фашисти“.

Статусот на Апасиев и неговите коментари, претставуваат варијација на патриотски говор на омраза, со изнесување на груби дезинформации (дека има кривично гонење заради извикување „Македонија“) и користење на потпалувачки изрази, кои поттикнуваат нетрпеливост и омраза кон политички неистомисленици.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ