• Latest

Лидерска средба кај Ковачевски, правата на заедниците се унапредени со ОРД, до сега се сторени 44.869 воени злосторства во Украина

November 7, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Лидерска средба кај Ковачевски, правата на заедниците се унапредени со ОРД, до сега се сторени 44.869 воени злосторства во Украина

November 7, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лидерска средба на премиерот Ковачевски и претседателите на парламентарните партии

Денеска напладне во Собранието на Република Северна Македонија започна лидерска средба на претседателите на парламентарните партии, на покана од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, информираат од Владата.

На лидерската средба која што со свое обраќање ја отвори премиерот Ковачевски, ќе се дискутира за европската иднина на Република Северна Македонија, како и за одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со широк политички и општествен консензус.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Груби: Охридскиот договор ги унапреди правата на заедниците, поставуваме еднакви стандарди за сите

Унапредувањето на правата на заедниците во Република Северна Македонија е направено благодарение на Охридскиот рамковен договор од кој потекнуваат принципите и правната основа за загарантираните права.

Принципите на Охридскиот договор имаат универзален карактер, така што, покрај официјализирањето на албанскиот јазик, со овој Договор им е овозможена комуникација на нивниот мајчин јазик и на заедниците, како турската, ромската, босанската и српската во некои општини, и тоа како службен јазик, вклучувајќи ја и употребата на државното знаме на заедниците.

Исто така, на сите заедници со устав им е загарантирано правото на образование на мајчин јазик.

Етаблирањето на стабилни механизми и создавањето можности за афирмација на заедниците во општествениот, културниот и политичкиот живот е секојдневно.

Еден од механизмите кај нас се нарекува „балансер” и со него се регулира правичната и соодветна застапеност во државната и јавната администрација и со истиот е даден поттик на вработувањето на заедниците, односно зголемување на нивниот процент во администрацијата, кои претходно беа далеку од процентот на нивниот официјален број во претходните пописи на населението.

Ова не важи само за Македонците и Албанците, туку и за сите други, а тоа допринесе да дојдат до израз и Власите, Ромите, Турците, Босанците и Србите.

Ако порано малите етнички заедници речиси и да не беа опфатени од статистиката, сега тие се чувствуваат поживи во последните статистички податоци од јануари 2022 година. Доколку се спореди со етничката структура произлезена од пописот, ќе се види дека во некои заедници процентот на застапеност се приближил до оној на нивното учество во вкупниот број на жители, изјави меѓу другото Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска на Самитот за Западен Балкан против расна дискриминација, организиран во Приштина.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Загубите на руското воено воздухопловство ги надминуваат производните капацитети на индустријата Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, изјави дека Русија досега загубила двојно повеќе авиони во Украина отколку во советско-авганистанската војна. И британското Министерство за одбрана, во својот најнов извештај за војната во Украина, објавува сопствена проценка за состојбата на руските воздухопловни сили и нивните загуби од почетокот на инвазијата на Украина, потсетуваат британските медиуми.

Цивилни жртви во Украина Руските агресори во текот на изминатите два дена убиле тројца цивили, а уште 11 раниле во регионот Доњецк, пренесува Укринформ.

На 6 ноември окупаторите убиле еден жител на регионот Доњецк, а повредиле уште петмина.

Воени злосторства во Украина Од почетокот на целосната инвазија на Русија, во Украина се регистрирани 44.869 злосторства на агресија и воени злосторства, како и над 2.200 злосторства против животната средина, пренесува Укринформ.

Како што објави Јавното обвинителство на Телеграм, регистрирани 43.312 кривични дела се однесуваат на прекршување на законите и обичаите на војната, 73 – планирање, подготвување или започнување и водење војна за агресија, 39 – пропаганда на војна, 1.445 – други злосторства.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА На непосредни избори денеска јавните обвинители од земјава ќе гласаат за избор на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). На гласачкото ливче се четворица кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска.

Мега парк или затрупана депонија? Мега паркот во Волково е еден од заедничките проекти на Општина Ѓорче Петров и Град Скопје, и како што забележа јавноста од изминатата недела се работи со полна пареа иако депонијата не е целосно расчистена, има остатоци од ѓубре, гуми, недефинирана бара полна со вода итн.

Паркот ќе се простира на површина од над 30.000 метри квадратни, а според информациите на ЦИВИЛ Медиа дел од отпадот од депонијата не е транспортиран до Дрисла, туку е само затрупан со слој земја.

Централна Европска Иницијатива Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи на Централно Европската иницијатива (ЦЕИ), чиј домаќин оваа година беше министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во рамките на бугарското претседавање со иницијативата.

Струја има доволно, но треба да се штеди Струја ќе има, но и таа како многу производи и услуги ќе стане ли луксуз? Владата презема мерки повеќе од една и пол година за импутот во дефинирање на цената за следната година да не биде удар за самите граѓани. Но, сепак, вицепремиерот за економски прашања пред два дена најави поскапување на цената на струјата.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Големата лага на Максим Димитриевски

Во морето на лажни вести и дезинформации заплива и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 (на 6 ноември) ширеше лаги во врска со Преспанскиот договор, иако самиот гласаше и го поддржуваше во 2018 година.

„Првично, Преспанскиот договор не беше во целост објавен во јавноста и во самата фаза на кампањата на референдумот. Јас цврсто верував со тогашниот тим во СДСМ, дека Преспанскиот

договор е добро решение, но дефинитивно истиот не беше обзнаен и за него не беше дебатирано во ниту еден момент“, вели Димитриевски.

Оваа изјава и тврдење на Димитриевски е целосно неточна, бидејќи граѓаните беа транспарентно, исцрпно и навремено информирани за содржината на Преспанскиот договор.

АНАЛИЗИ

„Како 36-та најбезбедна држава во светот земјата е во групата со „Високо ниво на безбедност“. Од државите на Западен Балкан стоиме најдобро, а во однос на оние од поранешна Југославија од нас се подобри само Словенија и Хрватска.

За да бидеме коректни докрај, трендот за поместување кон напред на листата не почнува од 2017 година. Раст има и од 2008 година.

Но, сепак, ако од 2008 до 2016 година Македонија се искачила од 61 на 87 место на овој индекс, односно напредувала за 26 места, за само пет години од 2017 до 2022 прогресот на стабилизирачките фактори ја поместил земјата за 61 место, односно од 97 место во 2017 година, на 36-тото на најновата ранг листа за оваа година.“, пишува Зоран Бојаровски во анализата „Пропадна сѐ што правеше ВМРО-ДПМНЕ за да ја дестабилизира и да ја прикаже земјата како несигурна, Глобалниот индекс за мир го потврди тоа“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

„Граѓаните се во очекување на силината на кризата и мерките кои можат да им помогнат во справување со неа. Однапред да се разбереме дека тие мерки можат да ја олеснат состојбата, ама не можат да донесат решение со кое нема да ја почувствуваме. Најголемиот дел од причините се системски. Во самиот систем на организација на државата има аномалии што ја прават слаба и неотпорна на кризите.“, пишува Војо Маневски во колумната „Мерки за одмерување“.

 

Ненад Јовановиќ

„Така се работи во општества кои ги претставуваат слободни граѓани, а тоа не може да се направи во племенски заедници во кои цивилизациската супериорност се заснова на (непроверениот) факт дека припадниците на некоја група – или партија – редовно ги мијат забите и го посакуваат приемот во Европската унија, и наместо во Заедница на независни народи, во кои ниту оние кои јавно посакуваат и повикуваат на онаа растурена флоскула дека „сите тие се исти“. Не се овде сите исти, многу се различни, ама (во целина) сите ги следат истите, хаварисани и раскурцани матрици.“, Ненад Јовановиќ во колумната „Саморасплакани опозиционери“.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ