• Latest

Струја има доволно, но треба да се штеди

November 7, 2022
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Струја има доволно, но треба да се штеди

November 7, 2022 14:21
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЕСМ  вчера произведе 14.007 мегават часови електрична енергија, во Термоелектраните произведени се 8.891 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.116 мегават часови и  целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

Во периодот од 15. 10 до 31.10 произведени се 199.830 мегават часови  електрична енергија. Во истиот период продадени се и 600 мегават часови на електрична струја како вишоци. Со ова домашното производство на електрична енергија за период од 15 дена во целост ги покрива потребите на домаќинствата на малите потрошувачи.

Според советникот на премиерот за енергетика Виктор Андонов граѓаните и институците за сега добро штедат струја. Тој исто така порача, граѓаните да бидат спокојни, финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана, а струја ќе има за сите во текот на зимата. Исто така ЕСМ го реализира својот план за производство на електрична енергија во целост 100%. Произведено е повеќе струја од планираното. Биле планирани 3.034 гигават часови, а произведени се 3.039 гигават часови.

Доаѓаат студени денови, треба да се штеди

Сепак  доаѓаат постудени денови неопходно е да ги вложиме сите максимални напори за штедење на електрична енергија.

-Во периодот од 15. 10 до 31.10 произведени се 199.830 мегават часови  електрична енергија. Во истиот период продадени се и 600 мегават часови на електрична струја како вишоци. Со ова домашното производство на електрична енергија за период од 15 дена во целост ги покрива потребите на домаќинствата на малите потрошувачи, вели советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов.

ЕСМ го реализира својот план за производство на електрична енергија во целост 100%. Произведено е повеќе струја од планираното. Биле планирани 3.034 гигават часови, а произведени се 3.039 гигават часови.

Цената на струјата зависи од пратениците

Струја ќе има, но и таа како многу производи и услуги ќе стане ли луксуз? Владата презема мерки повеќе од една и пол година за импутот во дефинирање на цената за следната година да не биде удар за самите граѓани. Но, сепак, вицепремиерот за економски прашања пред два дена најави поскапување на цената на струјата.

-Секако сме свесни сме дека енергетската криза е тука и дека мора да има одредено, но да биде колку што е можно поблаго да биде ударот кај граѓаните, сметам дека тоа е императив за Владата, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На прашањето за колку отсто би се зголемила цената на струјата од Влада ни одговорија дека Предлог-буџет е испратен во Собранието, каде ќе се отвори дебата низ соодветните собраниски процедури.

 

Таму е заглавено и гласањето на антикризните мерки кои им се потребни на граѓаните, за кои комисијата за финансирање и буџет е Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и уште нема закажано седница.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоскипотврди дека комисијата и да не донесе промена на цената на струјата, само врз основа на покачувањето од 5 на 10%  на ДДВ-то ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електричната енергија.

Согласно Законот за социјална заштита домаќинствата кои користат право на Гарантирана минимална помош и корисниците на право на социјална сигурност-социјална пензија, добиваат додаток од 1.000 денари месечно, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, во месеците на грејна сезона односно од октомври до март. Од 1 јули струјата за домаќинствата поскапи во просек за 7,4 отсто.

Соња Танеска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ