• Latest

Локалните власти во Македонија се затворени за јавноста!

June 16, 2017

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Локалните власти во Македонија се затворени за јавноста!

June 16, 2017 15:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Само 34 отсто од Индексот на отвореност исполнуваат општините во Македонија, а дури 2/3 не го објавуваат Планот за јавни набавки за тековната година, покажува истражувањето за степенот на отвореност на институциите, како дел од проектот „Актион СЕЕ“ што го спроведува Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“.

„Во однос на принципите транспарентност, достапност, интегритет и ефективност, по кои е правено истражувањето, исполнувањето на индикаторите за достапност од општините е на најниско ниво, односно, општините исполнуваат само 27% од индикаторите, кои се однесуваат на обезбедување и почитување на постапките за слободен пристап до информации и зајакнување на интеракцијата со граѓаните“, се вели во анализата од истражувањето.

Како што истакнуваат од „Метморфозис“, податокот за 0% исполнување на индикаторите од поткатегоријата „јавни набавки“ од 11 општини е загрижувачки, и отвора сомнеж дека се можни злоупотреби и корупциски дејствија во набавките, со што слабее довербата на граѓаните во избраните претставници.

„На ниското исполнување на индексот на достапност од општините, влијае и нивната недоволна интеракција со граѓаните преку социјалните мрежи, необјавувањето на месечни информатори за граѓаните за работата на општините, како и недостатокот на јавни дебати за граѓаните – за прашања од локално значење, необјавувањето на планови за јавни консултации со граѓаните за општинските политики и на записниците од одржани средби со граѓаните“, велат од „Метаморфозис“.

„Индексот на транспарентност, во поткатегоријата ‘транспарентност на буџетите’, општините го исполнуваат со 49 отсто. Голем дел од општините ги објавуваат донесените буџети и завршните сметки, но во заштитени ПДФ-формати, што ги прави тешко пребарливи. Исто така, на процентот на исполнувањето на индексот, влијае необјавувањето на граѓанските буџети од општините, како полугодишните извештаи за трошењето на буџетот“, се вели во анализата.

Дополнително, во последниот извештај на Европската комисија за оценување на прогресот на Македонија за пристапување во Унијата, забележано е дека локалните власти континуирано покажуваат недостаток на капацитети за соработка со граѓанските организации.

Истражувањето се спроведуваше во 144 општини од шест земји од Западен Балкан кои пополнуваа прашалник со над 60 индикатори по општина.

 

Tags: Актион СЕЕЕКЗападен Балканлокална самоуправаМетморфозисопштиниотчетностстепен на отвореност на институциитетранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ