• Latest

Локални избори 2021: Граѓанските активисти наспроти партиската клиентела

September 4, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Локални избори 2021: Граѓанските активисти наспроти партиската клиентела

Може лесно да се случи, наместо навестениот нов политички ветер во ликот на довчерашните невладини активисти, граѓаните да препознаат иста партиска клиентела. Така, од Ленка не остана ниту „л“. Останаа само разочарани граѓани, нивни поддржувачи и изневерени надежи, посебно на социјално немоќните и егзистенцијално ранливите.

September 4, 2021 10:00
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Забревтаа партиските изборни машинерии. Уште ниту пекол летото заврши ниту пожарите стивнаа, а партиските орачи ги стартуваа тракторите. Почна цунамито од ветувања, но и од клевети и обвинувања. Слики видени, познато предизборје. И овој пат, пак по четири години, нов спринт по привилегии. И по оние што ги обезбедуваат градоначалничките тронови, како и по навидум скромните, па сепак привлечни советнички столчиња.

Македонската плурална практика покажа дека нема ништо поважно од власта, макар била таа и локална. И таму има буџети, тендери, профити, кадровски монополи. Секако, има и чесност и посветеност. Но, генерално, мошне е мала довербата кај граѓаните во функционерите, па и овој пат, како и порано, изборот ќе паѓа главно за оние кандидати зад кои силно ќе притиснат моќните партии. И за оние нови и понепознати ликови кои кај партиски неопределените гласачи, а таквите се сè побројни, во предизборието ќе остават впечаток дека совесно ќе си ги извршуваат обврските што им ги налагаат функциите.

Како што отсега се навестува, овој претстоен циклус, локалните избори закажани за 17-ти октомври, на тестот избори, ќе се полага на неколку прашања. Прво, колку граѓаните ќе пројават интерес да излезат на гласање, поточно колку сè уште имаат доверба во експонентите на плуралната демократија, и второ, каков ќе биде нивниот избор, односно, колку гласачите станаа отпорни на лагите, манипулациите, нереалните ветувања. А колку созреале за рационални просуди од понуденото да го изберат најнадежното. Ова посебно, бидејќи на овие избори не се решава за името на државата, на пример, туку за животот во градот, населбата, квартот, маалото.

Но она што годинешниве локални ги прави посебно уникатни и атрактивни е предизвикот предизвикан од не така малиот број граѓански активисти кои рамо до рамо  со политичките партии застанаа на стартната линија во трката за локална власт. Истопорени се десетици независни советнички листи. Тие им ја фрлија ракавицата и на партиите и на граѓаните, но пред сè, на самите себе.

Сијасет листи од независни кандидати посебно, малку понагласено, подрско и пофронтално, на овие избори го напаѓаат до неодамна неприкосновениот партиски простор. А што ќе покажат изборите, колку граѓанките и граѓаните ќе им дадат доверба на невладините активисти наспроти  партиската клиентела, ќе се знае веќе ден по изборите.

Тоа, годинешниве локални, наспроти тридецениската традиција со речиси исклучива доминација на политичките партии, ги прави поразлични и со една  поинаква кадровска понуда. Барем навидум подемократска. Или има повеќе мимикрија, ќе се покаже набрзо по изборите. Но, каков и да е епилогот, политичките партии повеќе не ќе бидат неприкосновено сами во битките за власт. Барем не додека јавноста не се увери дека граѓанските активисти кои сега преку независните листи влетуваат во политиката, го оправдаат овој нивен излет или таа нивна нова определба, овој пат политичка, на сметка на граѓанската.

Се разбира дека тоа што на овие избори на партиските водства и на нивните принципиелни и непринципиелни коалиции им се спротивставуваат граѓански активист, не е никаква гаранција дека гласачите нема да бидат заведени, па и излажани. Самиот факт што тие, довчерашни жестоки критичари и коректори на секоја власт на разни теми, од екологија до меѓународна политика, сега се туркаат за власт, е повеќе индивидуална карактерна категорија на секој од граѓанските учесници веќе запишани на избирачките листи кои својата досега манифестирана чесност и посветеност во невладиниот сектор, како додадена вредност, ќе треба да ја внесат и во политиката.

Но ќе биде жално, многу жално, ако тие, довчерашните посветеност борци за право и правда, се избербатат во политиката. А таа, сосема е јасно, ги расипува чесните, па брзо ќе се покаже дали карактерно биле такви и како граѓански активисти или пак граѓанскиот активизам го искористиле за трансфер во политиката, што би значело уште подрска измама на гласачите, отколку што тоа со години го прават политичките партии.

Се разбира, неприкосновено право е секој себе да се најде и во политиката. И граѓанските активисти не се вкопани во невладиниот сектор, без можности за политички активизам, иако граѓанките и граѓаните гласачи, воопшто целото општество, од нив имаат поголема корист како самопрегорни и посветени невладини активисти отколку што во нив ќе  имаат доверба како директни учесници во политиката.

Секако, токму во сè понагласената недоверба на граѓаните во политичарите, е теренот на кој довчерашните невладини активисти очигледно ја гледаат и ја бараат својата шанса за себепромоција и во политиката. Скорешната практика со отворањето на политички партии за граѓански активисти, каков што е примерот со учесници во Шарената револуција на кои политиката им отвори простор да се активираат, да се докажуваат и да го материјализираат својот ентузијазам како директен позитивен придонес во функционирањето на институциите, само ја потврдува тезата дека и за државата и за општеството, невладините се покорисни во својата примарна граѓанска улога отколку што ќе бидат тоа со својата директна политичка активност.

Впрочем, преку неколку флагрантни примери и досегашната практика упатува на таквите претпоставки. Политичката партија Левица, на пример. Кога на времето згазнаа на општествената сцена, беа посакувано, дури и потребно социјално друштво. Преку нивните манифестации за еднаквост и социјална правда, се стекнаа со народни симпатии. Но наместо да ја негуваат амбицијата да прераснат во вистинско посакувано неполитичко социјално граѓанско движење, поединци таму се полакомија по политиката. Разочараа многумина поддржувачи на онаа непартиска, а граѓански посветената, Ленка. Посебно најранливите, најслабите, најнезаштитените кои во нив видоа зрак надеж, барем за каква-таква социјална еднаквост. Па, од таа нивна почетна социјална платформа, од таа, нели, животна посветеност за слабите, немоќните, ранливите, всушност бликна себичност и алчност по политичка власт. Така, од Ленка не остана ниту „л“. Останаа само разочарани граѓани, нивни поддржувачи и изневерени надежи, посебно на социјално немоќните и егзистенцијално ранливите.

Секако, намерата на овој текст не е во насока да ги демотивира невладините да се обидат и во политиката. Само времето, нели, е тоа кое ќе го даде судот дали политиката бргу ќе им го прокоцка угледот стекнат преку нивниот граѓански активизам или пак токму од нивната нова, сега политичка позиција, ќе ги остварат целите што си ги поставиле пред нивното политичко активирање.

Политиката, расипува, нели. Власта уште повеќе. Оттука и сомнежите дека може лесно да се случи, наместо навестениот нов политички ветер во ликот на довчерашните невладини активисти, граѓаните да препознаат иста партиска клиентела.

Баш онака: исти, исти…

 


Текстот е личен став на Авторот. Creative Commons 4.0 (дозволено е преземањето во целост, со соодветна атрибуција: линк, извор и автор)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ