Државната изборна комисија со распишувањето на изборите на 9 август, го објави и Роковникот за локалните избори на 19 октомври.
Избирачки список и јавен увид за локалните избори 2025
ДИК го добива списокот на граѓани од МВР веднаш по распишувањето на изборите, а јавниот увид во Избирачкиот список ќе се одвива од 23 август до 11 септември. Во овој период, граѓаните можат писмено или по електронски пат да побараат запишување, дополнување или бришење на податоци, приложувајќи соодветни докази.
ДИК е должна да одговори на секое барање во рок од 24 часа, а доколку граѓанинот не е задоволен, може да поднесе тужба до Управниот суд, кој решава исто во рок од 24 часа.
По завршување на јавниот увид, политичките партии до 11 септември можат да побараат копија од списокот, а потоа и да достават свои забелешки до 19 септември. Заклучувањето на Избирачкиот список е предвидено за 26 септември, а потпишувањето на конечните извoди – најдоцна до 3 октомври.
Задолжителна едукација на изборните органи
Паралелно, ДИК ќе спроведува задолжителна обука за изборните органи и информативни кампањи за граѓаните за фер и демократски избори, кои медиумите се обврзани бесплатно да ги емитуваат.
Како што е наведено во роковникот едукативните кампањи на ДИК за граѓаните поврзани со изборниот процес користејќи пристапен и достапен формат и јазик како и на знаковен јазик во траење од 30 секунди на секои 3 часа. Тие треба да бидат издвоени од другиот дел од програмата како бесплатно емитување и
нивниот нарачател да биде јасно означен.
Б. Ј.