• Latest
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Локални избори 2025: Политичките игри и комбинаторики не влијаат врз квалитетот на изборниот процес

February 4, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Локални избори 2025: Политичките игри и комбинаторики не влијаат врз квалитетот на изборниот процес

February 4, 2025 14:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што нè делат уште неколку месеци од локалните избори во 2025 година, политичките партии ги почнаа калкулациите. Коалицијата ВЛЕН најави дека ќе соработува со ВМРО ДПМНЕ на локалните избори, а од опозициската СДСМ се изјаснија дека нема да соработуваат со ДУИ на Али Ахмети.

Но, колку овие калкулации и политички игри можат да ѝ наштетат на фер конкуренцијата? Дали на овој начин им се диктира на граѓаните како и кога да гласаат? Дали е ова јавна агитација?

Од ЦИВИЛ – Центар за слобода велат дека овие комбинаторики не се на штета на самиот изборен процес, додека колку изборната трка е фер или не е, од таму нагласуват дека, се одредува според поинакви параметри.

– ЦИВИЛ спроведува долгорочен мониторинг на социополитичките и изборните процеси во земјата, што во поширока смисла на зборот подразбира и анализи на политичките контексти. Во таа смисла, може да се каже дека беше очекувано да продолжи соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и за локалните избори. Исто така, очигледно е дека се прават напори ДУИ целосно да се исфрли од игра. Како и да изгледа во очите на јавноста, тоа е, сепак, дел од политичкиот натпревар. Од друга страна, тоа не му пречи на ДУИ и нивните партнери од Европски фронт да учествуваат сами на локалните избори. Истото се однесува и на СДСМ или било кој друг учесник во изборната трка. Поточно, овие комбинаторики не се на штета на самиот изборен процес. Колку изборната трка е фер или не е, се одредува според поинакви параметри, велат за Фронтлајн од ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Оттаму додаваат дека прашање е колку тие комбинаторики понатаму ќе влијаат врз политичките процеси, а особено врз меѓуетничките односи, правичната застапеност на етничките заедници и општо политичката состојба во земјата.

– Со други зборови, тие одлуки и политички сојузи во предизборниот период не влијаат врз квалитетот на изборниот процес како таков, но секако имаат влијание врз поширокиот контекст. Искуствата покажуваат дека партиските коалицирања често се фокусираат на победа на учесниците, а помалку, некој би рекол ни малку, на интересот на граѓанките и граѓаните. Доколку зборуваме за фер натпревар или поточно слободни, фер и демократски избори, тогаш треба да се зборува за реформи во изборниот систем и ревизија, односно донесување на нов Изборен законик, а над сè, подобрување на механизмите за заштита на правото на глас. Сме кажале безброј пати до сега, ќе кажеме и сега: Изборите се граѓанките и граѓаните, не за задоволување на интересите на тесните политички кругови и елити, наведуват од организацијата.

Што се однесува до политичката и изборната култура, ЦИВИЛ – Центар за слобода се залага за вистински демократски промени во интерес на граѓанките и граѓаните, а не во интерес на политичките елити.

– Системот има обврска да им обезбеди на гласачите максимални услови за слободно гласање, без директни и индиректни форми на принуда и политичка корупција. Тоа е императивот, потенцираат од организацијата.

Поранешниот градоначалник на општина Желинo, Ќенан Алиу, вели дека иако локалните избори се административни избори во Северна Македонија, нивните резултати несомнено имаат влијание и врз централната власт.

– Понекогаш поддршката може да биде одлучувачка во нивната победа. Во меѓувреме, со одбивањето на СДСМ да соработува со ДУИ, тие главно го оставаат овој субјект донекаде изолиран бидејќи дошле до заклучок дека ДУИ не била коректен политички партнер, а всушност тоа не е така. Бидејќи најголемата партија ги држи уздите на власта, СДСМ немаше доволен фокус. Можеби и констелацијата на мнозинските сили го прави своето. Секако, доколку СДСМ остане на заклучокот дека нема да кохабитираат со ДУИ на локалните избори, калкулациите говорат дека двете партии ќе претрпат загуби во некои општини, изјави Алиу за Фронтлајн.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) во изјава за Фронтлајн вели дека добро е кога има предизборни коалиции меѓу партиите на Македонците и Албанците базирани на заеднички програми, бидејќи тоа придонесува за намалување на меѓуетничките тензии и етноцентричната реторика, но е лошо доколку тие коалиции се прават механички само за да се освојат гласови и да се победи политичкиот противник, без конкретен заеднички концепт кој ќе придонесе за зголемување на меѓуетничката доверба и заедништвото.

– Во минатото сме биле сведоци и на едното и на другото. На пример, имаше предизборни коалиции меѓу СДСМ и ДУИ за локалните избори во 2017, или со БЕСА за парламентарните избори во 2020 година, кои се базираа на концептот „Едно општество за сите“. И ВМРО-ДПМНЕ имаше официјална соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива на локалните избори во 2021, при што како мотив беше истакната борбата против корупцијата и криминалот во општините раководени од СДСМ и ДУИ, но немаше заедничка предизборна платформа која би адресирала и други прашања, вклучувајќи го подобрувањето на меѓуетничките односи, анализира тој.

Имајќи предвид, вели нашиот соговорник, дека на минатите парламентарни избори а и потоа доминира етноцентричната реторика и прашања кои создаваат меѓуетнички тензии, исклучително е важно на наредните локални избори партиите и коалициите да понудат конкретни заеднички концепти за подобрување на условите за живот и стандардот на граѓаните, а и на меѓуетничките односи кои се главен столб за стабилноста и просперитетот на државата.

– Сè друго би било само гола битка за власт и гласови, а не за подобра иднина за граѓаните, подвлече Сарачини.

Демократската унија за интеграција реагираше по неодамнешната изјава на лидерот на Демократското движење дел од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, кој рече дека коалицијата ВЛЕН ќе соработува со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Од ДУИ велат дека разликата меѓу нив и ВЛЕН е во тоа што тие ја добиваат власта од народот, а ВЛЕН од другите.

Од друга страна од ВЛЕН велат дека ДУИ не може да се справи со загубата и затоа ги прашуваат дали тие и Мијалков подготвуваат сценарио за инциденти на локалните избори.

Од СДСМ изјавија дека нема да коалицираат со ДУИ и демантираат дека имало било какви разговори со оваа партија за локалните избори.

ВМРО ДПМНЕ овој месец ќе ја започне процедурата со интерни анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Дестан Јонузи/ Фронтлајн

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ