• Latest
Креирано со помош на ВИ

Локалните избори 2025 под лупа: Хронологија на приговорите и одлуките на ДИК

December 14, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Локалните избори 2025 под лупа: Хронологија на приговорите и одлуките на ДИК

December 14, 2025 18:20
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter
На 15 декември, на завршниот настан на Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ , ЦИВИЛ ќе го презентира Извештајот и стратешките препораки за локалните избори во Северна Македонија во 2025 година. Презентацијата ќе ги истакне научените лекции, структурните ранливости и стратешките препораки насочени кон зајакнување на демократските процеси пред идните изборни циклуси.

Овогодишниот изборен циклус беше проследен со низа приговори и претставки по одржувањето на двата круга од Локалните избори, кои ги обележаа изборните резултати во различни општини и процесот на сумирање на гласовите.

Приговори во првиот изборен круг

По првиот круг од локалните избори, кој се одржа на 19 октомври 2025 година, ДИК соопшти дека во 33 општини изборите за градоначалник се завршени, откако не беа поднесени приговори или беа отфрлени нивните барања за одреден број општини. Сепак, во 11 општини беа поднесени приговори за гласањето или сумирањето на резултатите, со што нивните резултати не беа конечни додека не се разгледаа овие жалби.

Вкупно 57 приговори беа поднесени за првиот круг, но ДИК ги одби сите како неосновани, што значеше дека резултатите од првиот круг во тие случаи беа потврдени. Подносителите имале право на правна заштита пред Управниот суд откако ДИК ги утврди одлуките.

Приговори до ДИК по вториот круг

По вториот круг од изборите, кој се одржа на 2 ноември 2025 година, во ДИК беа поднесени 16 приговори во врска со постапката за гласањето и сумирањето на резултатите. Овие жалби доаѓаа од различни политички актери за изборот на градоначалници во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.

  • Во Брвеница, кандидатот Хаким Рамадани поднесе приговори за резултатите на повеќе избирачки места, по тесната победа на Јовица Илиевски,

  • Во Шуто Оризари, коалицијата „Твоја Македонија“ поднесе 10 приговори, а Сојузот на Ромите три, во врска со гласањето на одделни избирачки места, по победата на Курто Дудуш.

  • Во Карпош, коалицијата поддржувачка на Стевчо Јакимовски достави приговори за сумирање на гласовите по загубата од Сотир Лукровски.

Во врска со овие приговори Државната изборна комисијаобјави дека ќе постапува на јавна седница во законскиот рок , додавајќи дека до ДИК има поднесено и три приговори за гласањето за избор на членови на Советот во Општина Шуто Оризари, каде што имаше прегласување спроведено на 2 ноември 2025 година и тоа на трите избирачки места.

-Поради тоа објавувањето на конечните резултати од гласањето за Советот на Општина Шуто Оризари нема да бидат објавени денеска, ќе се чека по постапувањето на приговорите на седницата на Државната изборна комисија, а потоа и по одлучување на евентуални тужби пред Управниот суд, рече Кондарко.

Членовите на ДИК донесоа и заклучок Општинските изборни комисии во 29 општини и Град Скопје, за кои и официјално ги објави конечните резултати за избор на градоначалник во вториот круг на Локалните избори.

 ДИК ги разгледа и одби сите 16 приговори

На 7 ноември 2025 година, на седница, ДИК ги разгледа и одби сите 16 приговори за постапките за гласање и сумирање во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош. Комисијата ги оцени приговорите како неосновани, односно дека немаат правен основ или давање на прецизни докази за повреда на изборните процедури.

За приговорите во Шуто Оризари, ДИК одби како неосновани и сите жалби поднесени од „Твоја Македонија“ и од Сојузот на Ромите, додека приговорите во Карпош и Брвеница беа отфрлени исто така поради недостаток на основаност или правни формални недостатоци.

По одбивањето од страна на ДИК, подносителите имаат право да поднесат тужба пред Управниот суд во законски предвидениот рок, што може да доведе до дополнително правно разгледување на спорните изборни резултати.

Преставки до АВМУ за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

Како нарушување на изборниот процес може да ги додадеме и преставките кои пристигнаа до АВМУ за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес и прекршување на изборниот молк.

Надлежното тело за следење на изборното медиумско и онлајн однесување при АВМУ утврди повеќе прекршувања на етичките и професионалните стандарди за време на Локалните избори 2025. По претставки од Коалицијата ВЛЕН против Triling.mk и Fokus.mk, беше констатирано прекршување на Кодексот на новинарите, поврзано со неточност, непроверени информации и недоволно разграничување меѓу факт и коментар.

Телото го поддржа и постапувањето на АВМУ во случајот со Радио Кочани, кое беше потсетено на обврската за еднаков третман на сите кандидати во изборната кампања. Во два случаи поврзани со комуникацијата на политичари на социјалните мрежи, беше утврдено прекршување на Кодексот за однесување во онлајн просторот, додека во Македонска Каменица беше констатирана злоупотреба на општински профил за изборна промоција.

Надлежното тело не постапи поради ненадлежност За две други претставки,  едната бидејќи содржината не се однесувала на изборите, а другата затоа што се однесувала на граѓанин кој не е опфатен со Кодексот. Дополнително, поради прекршување на изборниот молк во првиот круг, Агенцијата поведе прекршочни постапки против телевизиите ТВ 24 Вести и ТВ Вистел, врз основа на спроведениот мониторинг на изборното медиумско претставување.

Локалните избори во 2025 година поминаа со значителен број правни жалби и приговори, особено во општините каде резултатите беа тесни или контроверзни. ДИК, како одговорен орган за спроведување и надзор на изборниот процес, го одржа својот рок за разгледување на приговорите и ги одби истите како неосновани, но процесот отвори правни извори за понатамошна правна заштита и потенцијални одлуки од Управниот суд. Истовремено, АВМУ утврди повеќе прекршувања на етичките и професионалните стандарди за време на Локалните избори 2025.

Д. Мишев

Tags: АВМУДИКлокалми избори 2025приговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ