• Latest

Локалните избори и човековите права: Како понатаму?

June 4, 2018

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

„Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

June 2, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добијат платите кога ќе се донесе Законот

June 2, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Британија преминува во воена подготвеност – зајакнување на НАТО и забрзан развој на воена технологија

June 2, 2025

ЕК за укрaинско-руските преговори во Истанбул: Украина одлучува за условите за мировните преговори

June 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Локалните избори и човековите права: Како понатаму?

June 4, 2018 13:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од перспектива на човековите права… објавен во публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“

Вовед

Локалните избори што се одржаа во октомври 2017 година во Република Македонија претставуваат многу ветувачки знак за оние кои се заинтересирани за статусот на човековите права и тоа не само во рамките на оваа мала држава, туку и пошироко на Балканот. Според нивното спроведување, тие се опишани како релативно слободни и мирни, со забележано подобрување во однос на неодамнешните избори.

Резултатите покажаа голема предност на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), која вети низа реформи насочени кон враќање на довербата на јавноста и понатамошно интегрирање на етничката албанска заедница во земјата, што исто така бележи подобрување во однос на тоа што претходно го претставуваше застрашувачката Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО), која во текот на една цела деценија успеа да ги зароби целосните ресурси на државата, медиумите, па дури и граѓанското општество за свои потреби.

А тоа што вообичаените тактики што ги користеше ВМРО – тактика на заплашување, дезинформирање и јакнење на сопствениот бренд со екстремен национализам – овој пат не успеа, доаѓа како исклучително добредојдена вест за секој кој се осмелил да сонува за демократска Македонија, дури и кога се затегнуваше јазолот на автократијата, како и за секој кој се осмелил да се бори за тој сон, често со голем личен ризик. Меѓутоа, сега е битно таа обновена надеж да не се преточи во преголема самоувереност и удобност.

Како што ЦИВИЛ забележува во својот мониторинг извештај, дури и овие релативно мирни и професионални избори имаа многубројни нерегуларности. Во текот на неделите пред самите избори, набљудувачите на ЦИВИЛ забележаа случаи каде на гласачите им се вршеа притисоци и беа заплашувани да гласаат на одреден начин, со ризик да ги изгубат социјалните придобивки, па дури и нивната работа. На денот на изборите, набљудувачите на ЦИВИЛ беа сведоци на тоа како партиски
активисти се впуштија во поткуп на гласачи и малтретирање, како и на голем број случаи на групно и семејно гласање. ЦИВИЛ слушна сведоштва од над стотина граѓани кои не можеа да гласаат поради неправилности во Избирачкиот список, во којашто владеачката партија ВМРО се втурна во огромен напад врз демократските институции на земјата, поттикнувајќи ги меѓународните организации за човекови права да предупредат дека Република Македонија брзо станува “заробена држава“.

Навистина, во периодот меѓу 2006 и 2016 година, раководството на ВМРО не само што го доведе владиниот сектор, туку и медиумите, образованието, па дури и граѓанското општество под својата контрола која постојано се зголемуваше. Се обиде да контролира, не само како народот во Македонија е управуван и како нивните пари се трошат, туку и како тие се разбираат себе си и нивната земја и што тие веруваат дека е вистинито. Кога повторното пишување на минатото и сегашноста не беше доволно, раководството отпочна со огромни напори за шпионирање на новинари, лидери во граѓанското општество, па дури и на своите министри, сеејќи параноја, недоверба и немир.

Каде да одиме одовде? Како да се движиме напред, сега кога земјата може да здивне од де факто еднопартиското владеење? Првиот чекор е да сме свесни дека, иако позитивните промени ќе почнат да се вкоренуваат, тие сепак нема да бидат од небо паднати. Нема долго одложуваниот процес на европска интеграција да биде тој што на Македонија ќе ѝ донесе демократија и човекови права. Ниту пак тоа ќе биде новата владеачка коалиција, која вети дека ќе ги зајакне системите за одговорност, но досега ваквите системи беа свртени скоро исклучиво кон политичките противници. Ниту може да се каже со целосна увереност дека позитивните промени ќе дојдат од македонското граѓанско општество, бидејќи овој сектор во последниве години, исто така, беше загаден со националистички организации кои повеќе ја поделија земјата отколку што ја интегрираа.

Можеби е најдобро да се каже дека промената ќе произлезе од сите ентитети, непоколебливи во намерата – и одговорни – за исклучително комплицираниот акт на балансирање на поттикнувањето на нормите на демократија, човековите права и
толеранцијата, пред сé, а истовремено штитејќи од перцепцијата (всушност, реалноста) дека новите закони и политики се вградуваат без согласност, па дури и разбирање, на оние кои живеат во земјата. Речиси е невозможно да се “погоди“ еден таков проект, но при ваквиот напор и со подготвеноста да се соочиме со постојани критики можеме да видиме една нова, посеопфатна слобода како се вкоренува во Македонија, а секако и низ целиот Балкан.

Резултатите од мониторингот на ЦИВИЛ: голем број подобрувања, но проблемите остануваат

Според меѓународните и локалните мониторинг организации кои ги покриваа локалните избори во октомври 2017 година во Република Македонија, се чини дека огромните напори на меѓународната заедница и организациите како ЦИВИЛ за реформирање на изборниот процес на земјата, почнуваат да се исплаќаат. Меѓународната мисија за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР објави дека основните слободи на гласачите биле почитувани во текот на изборниот процес, дека кандидатите биле во можност да ги водат кампањите без ограничувања и дека изборите “придонеле кон зајакнување на довербата во демократскиот процес“. ОБСЕ/ОДИХР и други организации дури и забележале подобрување во транспарентноста на Државната изборна комисија (ДИК) во вториот круг на гласање, по приговорите од првиот круг. Сé на сé, изборниот период беше оценет како релативно мирен и професионален.

Меѓутоа, битно е да се истакне дека кога велиме “релативно мирни и професионални“, тоа се мисли во споредба со минатите избори, во кои имаше екстремно високи нивоа на притисоци и измами. Тука се вклучени парламентарните избори кои се одржаа во декември 2016 година, ни година предходно од овие избори, на кои на илјадници граѓани им беше оневозможено правото на гласање како резултат на нерегуларности, неспособност и корупција, додека речиси ниту еден гласач не беше поштеден од зголемен притисок да гласа на одреден начин. За тоа време, набљудувачите на ЦИВИЛ слушнаа за случаи во кои вработени во државните здравствени служби придружувале партиски членови во нивните кампањи, прикажувајќи ги здравствените служби како тие да произлегуваат од владејачката партија, а не од државата. Набљудувачите на ЦИВИЛ поднесоа извештаи за тоа дека наставници вршеле притисок врз учениците да ги прашаат сопствените родители за нивните политички наклонетости и за истото да им дадат повратна информација.

Оттука, битно е да се истакне дека, иако организациите главно ги прогласија локалните избори од октомври 2017 година за слободни, сепак сé уште постои доволно простор за подобрување. Во предизборниот период, ЦИВИЛ забележа дека над сто имиња на гласачи со право на глас ги нема на Избирачкиот список и откако ДИК беше известен за тоа по соодветните канали, сепак, немаше никаков одговор за ова прашање. За време на предизборниот период, ЦИВИЛ, исто така, забележа дека обуката на изборната администрација можеше да биде подобра – критика која беше спомената и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. За време на изборниот молк, ЦИВИЛ извести за голем број повреди и обезбеди видео докази за примери на несоодветно водење на кампањите на својата медиумска платформа.

Можеби највознемирувачко е тоа што ЦИВИЛ забележа тренд на ескалирање на реториката и пропагандата, вклучувајќи летоци што се оставаа пред вратите на гласачите кои содржеа говор на омраза против политичките противници. Ова, секако, беше придружено со кампања на дезинформации што се обиде да поттикне страв во јавноста дека постои таен договор со Албанците, како и страв од прилив на бегалци во општините.

За време на првиот и вториот круг на гласање, ЦИВИЛ обработи стотици пријави, од кои повеќето се однесуваат на незаконското и несоодветното постапување на Избирачките одбори. На првиот круг од гласањето, 15 октомври, набљудувачите на ЦИВИЛ забележаа дека гласањето беше целосно прекинато во едно избирачко место во општина Аеродром во Скопје, откако поради неправилности со гласачките ливчиња беше побарана интервенција од полицијата, што доведе до тоа повеќе гласачи да се
откажат од гласањето и да го напуштат гласачкото место пред да гласаат. Во иднина, треба да се воведат мерки со цел да може да се обезбеди непречено гласање дури и доколку настанат одредени нерегуларности. Истиот ден, гласањето во избирачко место
во Општина Берово во источна Македонија беше прекинато половина час откако се утврди дека на кочанот со гласачките ливчиња немало бројчиња. Во иднина, независни набљудувачи треба однапред да ги разгледаат гласачките ливчиња со цел вакви неправилности да се избегнат и да не се прекинуваат гласањето, особено на почеток на денот. Во селото Црешево, штабот на една партија се наоѓа во ист објект со избирачкото место (иако со посебни влезови), а партиски активисти отворено и недолично се однесуваат кон гласачите. Имаше и извештаи во неколку избирачки места за тоа дека членови на Избирачките одбори мобилизираат гласачи за конкретни партии.

Изборите за жал, исто така, не поминаа и без насилство. Всушност, на вториот ден на гласање на 29 октомври, на еден од набљудувачите на ЦИВИЛ му беше упатена закана за насилство во Општина Сарај од страна на член на локалниот Избирачки одбор, принудувајќи го ЦИВИЛ да ги повлече своите набљудувачи од таа локација тој ден. Два дена подоцна, активист на ЦИВИЛ, кој беше и набљудувач за време на изборите, беше физички нападнат од страна на истиот функционер.

Ваквите извештаи за нерегуларности и несоодветно дејствување од страна на изборните функционери се пропратени со извештаи за вршење притисоци од страна на партиски членови, поткуп, повреда на тајноста на гласање и, како и секогаш, случаи на семејно и групно гласање. Иако се чини дека има помалку закани во однос на работните места на гласачите и пристапот до социјалните служби како резултат на нивното гласање, тоа не значи дека немаше вакви трендови и на овие избори. Меѓутоа, стравуваме дека гласачите поради тоа што се веќе навикнати на вакви закани и притисоци, всушност и не ги ни пријавуваат истите.

Патот напред

Без сомнение, земањето предвид на гореспоменатите проблеми, спроведувањето на овие избори и резултатите од истите се исклучително охрабрувачки за секој кој со загриженост го следеше постојаниот пад на македонската демократија во текот на изминатата деценија. Охрабрувачки е тоа што некогаш доминантната политичка партија ВМРО, која не толку одамна спроведе речиси потполна контрола врз медиумите,  вклучувајќи го и јавниот радиодифузен сервис на кој му плаќаше милиони да продуцира филмови за “македонската историја“ (која воглавно ги негираше или демонизираше малцинските заедници на земјата), сепак, не можеше ефикасно да го искористи тоа пред јавноста која своевремено цврсто се држеше до неа.

На крајот, ВМРО едвај успеа да освои 5 градоначалнички места, од 56 места што ги држеше пред изборите. Охрабрувачки е што партискиот лидер на ВМРО, Никола Груевски, чија потполна контрола врз власта своевремено се споредуваше со онаа на унгарскиот Виктор Орбан и турскиот Реџеп Таип Ердоган, беше принуден да се повлече од претседателската функција во неговата партија.

Сепак, ќе бидат потребени повеќе од еден изборен процес за да се отстрани институционалното заробување од повеќе од една деценија и манипулацијата со етничкиот идентитет на земјата. Затоа, пред земјата се две задачи: 1) постои потреба на ослабените и зависни државни институции да им се влее нов живот и нова независност која досега всушност воопшто не е видена (бидејќи ваква слабост и зависност претходат и на владеењето на ВМРО); 2) постои, исто така, што е уште побитно, потреба да се разгледа наследството на конкретизираниот етнички македонски идентитет и концепцијата за државата како нешто едноставно и чисто, кога во реалноста државата сега е, а отсекогаш и била, силен мултиетнички крстопат. Повторно, тука не зборуваме за враќање на мултиетничкиот идентитет на нивоата пред ВМРО, бидејќи ВМРО, всушност, не го измисли овој конкретизиран концепт на националниот идентитет и македонската држава.

Таа едноставно изврши капитализација на постоечкото наследство на национализмот со истовремено продуцирање на нови грижи и нови повреди – рани кои само на ВМРО можеше да им се доверат за лечење – за никој да не ја забележи или доведе во прашање нивната кражба на државата. За да се почне со враќање на Македонија во место каде сите граѓанки и граѓани можат да напредуваат, како и со реализација на целата низа човекови права, ќе бидат потребни обновени заложби на меѓународната заедница, на локалните политички партии и на граѓанското општество, кои ќе треба да останат верни на самата таа цел – целта на човековата слобода – како примарна, па дури и пред целта да се стави Македонија на европскиот пат, или зајакнувањето на европските граници, или пак “стабилноста“.

Целта сега треба да биде земја во која сите можат да напредуваат и да бидат слободни, дури и Европската Унија да исчезне утре, дури и новата и ветувачка владејачка коалиција да се распадне сред скандали. Тоа претставува исклучително амбциозен сон, да, но по деценија на автократско владеење, време кога мала група на луѓе не се откажаа од борбата, за да бидат придружени од стотици илјади луѓе во најтемниот можен час, треба да е мошне јасно дека Република Македонија е земја која заслужува многу повеќе.

Хедер Роберсон


Хедер Роберсон e експертка за човекови права и за Балканот, со диплома по студии за мир и конфликти од Универзитетот на Калифорнија при Беркли (2003), каде ја изучуваше имплементацијата на Охридскиот договор; Магистерска по човекови права од Универзитетот Колумбија (2013); и сертификат за напредни студии од Институтот Хариман на Универзитетот Колумбија (2013) каде пишуваше за порастот на македонскиот етнички национализам во пост- охридската ера.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализалокални избориХедер Роберсон
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ