• Latest

Лукаревска: Даночната политика мора да биде столбот на државата

November 9, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукаревска: Даночната политика мора да биде столбот на државата

November 9, 2023 22:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Она што е актуелно за случајот „Синџир“ кој го спроведе Управата за финансиската полиција, станува збор за ист процес и иста намера одредено злосторничко здружување и свои конекции и лоша замисла сакале да го оштетат буџетот преку злоупотреба на институт-даночен гарант,  наш подзаконски акт, сакајќи да им ги олесниме на компаниите деловните  односи.  Тој даночен гарант повеќе не постои,“ рече директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во емисијата Клик Плус на ТВ 2.

Таа посочи дека Управата преку контролите има откриено и случаи на фиктивен поврат на ДДВ кај одредени компании, при што се откриени лажна документација и сменети фактури.

Таа се осврна и на работодавачите кои не исплатиле плата на своите вработени.

„Со измените на законот за даночна постапка, ќе ставиме одредба за да може јавно да ги објавиме работодавачите  кои не исплатиле плата, тоа го заслужува јавноста, а го заслужуваат и сите работници кои се обесправени од страна на своите работодавачи,“ рече Лукаревска .

Таа истакна дека 700 компании од почетокот на годината го изиграле системот на декларациите за плати и не поднеле декларација за да им исплатат плата на своите работници и тие се блокирани, а има и компании кои поднеле а не исплатиле.

Во врска со борбата со сивата економија, а со тоа и поефикасно полнење на буџетот, Лукаревска рече дека во рамки на Националниот совет за борба против неформалната економија, се анализира претходната и сегашната состојба , како и дека е направена Стратегија за постапување. Притоа како Управа таа рече дека се прават контроли при кои доколку се утврди неправилност во работењето се изрекува глоба.

„Даночната политика мора да биде столбот на државата, затоа што преку неа и преку позитивните даночни мерки ние го полниме буџетот на оваа држава,“рече Лукаревска.

Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите Лукаревска информираше дека 33.8 милијарди денари се вратени во период од јануари до октомври.

Tags: даночна политикаСања Лукаревска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ