АЦО ЛУКАРОСКИ
Три работи, онака набрзински…
1. Денешна вест: „Евакуирани сите македонските граѓани што побарале да го напуштат Израел“
2. Вчерашна изјава од Мицкоски: „Епска неспособност на СДСМ и ДУИ за нашите сограѓани кои се заглавени во Израел“
3. Многу држави, меѓу кои и Канада, сè уште ги немаат вратено своите луѓе од Израел
И за крај…
„Епската“ изјава од Мицкоски експресно ја пренесоа сите македонски медиуми… А сега, новинарите од тие медиуми сигурно нема да го прашаат Мицкоски дали ја повлекува изјавата!