• Latest

Луксузните коли не загадуваат, доследноста на вмровците, влада за национален спас со Наќе, Рашела и останатите генијалци…

November 11, 2020

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Луксузните коли не загадуваат, доследноста на вмровците, влада за национален спас со Наќе, Рашела и останатите генијалци…

Записи од политичката жабокречина (10 ноември 2020)

November 11, 2020 11:07
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА

ВМРОВЦИТЕ НЕ ЗАГАДУВААТ Вмровците се во право кога протестираат со коли „за да биде помасовно“, како што напишаа во една своја внатрешна комуникација. Се работи за супер лускузни лимузини и спортски аутца, кои не го загадуваат воздухот, за разлика од онаа ситна автомобилска боранија во која се вози обичната раја. Не е точно ни дека оваа партија исцицала неколку, некои велат, повеќе од шест милијарди евра од земјата. Дека тоа не е целосно точно, сведочат раскошните имоти, згради, куќи, хациенди и други недвижнини, расеани низ целата земја, на најдобри локации.

НЕ ЈА МЕНУВАЈ ТЕМАТА! Значи, не се сите пари во странство, голем дел од тоа богатство е тука, во родината. Украдено богатство? Од изборни кражби до грабеж на народот и негово дисциплинирање со полиција, судство и медиуми… Стоп! Од другата страна се слуша прекорен глас: Срам да ви е, г. Дерала, ја менувате темата. Важно е дека не загадуваме, а „масовно“ протестираме! Загадувачи сте вие, обичните луѓе, што не сте се снашле. Кој Цацко ви е крив што не знаете и не сакате да бидете како нас?

Специјалниот гостин на Дневен скен со Џабир Дерала

ЕКОЛОШКИ ПОДОБНА МАСОВНОСТ Вмровците знаат како се постигнува масовност и тогаш кога ја немаат. Притоа, нивните решенија се секогаш еколошки подобни. Така, кога пред собрание се залогорија со месеци, „масовноста“ ја постигнуваа со клупите од парк. Масовната поддршка на социјалните мрежи ја постигнуваат со трол фабрики и ботови. Масовноста на улиците ја постигнуваат со луксузни коли. Сето тоа се незагадувачки технологии и политички платформи со кои се грижат за белите дробови на нацијата.

ВМРОВСКА ДОСЛЕДНОСТ Доследноста и принципиелноста на вмровските политичари е надалеку позната и никогаш нема да биде оставена на забот на времето. А за секој случај, да не случајно заборавиме колку се тие доследни и принципиелни, тие секојдневно ја потсетуваат јавноста на себе.

МИТРОВДЕН ВО ЗРНОВЦИ Добро, сега, да не ситничариме. Не стигнуваат да се договорат меѓу себе да се договорат дали мерките за борба против коронавирусот треба да се заострат, да се воведе полициски час или да се тријат меѓу себе при средбите по општинските дувла, бидејќи, нели, вирусот и не е некоја голема драма. Башка, Господ ги штити, нели? Ако не верувате, погледнете го Митровден во Зрновци, на пример.

КАРАКАЧАНОВЦИ Во исчекување на белиот чад од Софија, кој ќе даде знак дека се стопи мразот околу хегемонистичкото срце на бугарските каракачановци, можеме да се потсетиме на сите блгарски самочувствија на сега најгласните патриоти. Како на Милошоски, на пример. Незаборавни се неговите прегратски братски прегратки со каракачановци и со сомнителни типови што салутираат со фашистички поздрав… И други спортски активности на линија Скопје – Софија во минатото, а и сега.

ВЛАДА ЗА НАЦИОНАЛЕН СЕКС Вирусот не е пречка да се бараат предвремени парламентарни избори, само три месеци по нивното успешно одржување, но затоа „немало услови“ за одржување локални избори во Штип и Пласница. Ах, да не заборавиме! Секако дека во овој период, додека да се стабилизира партијата и уште малку поработи на прибирање на ситните парченца на кои се распадна, најдобро за вмровското раководство е да се формира влада за национален секс, пардон – спас, по угледот на техничката влада во кои беа Наќе, Рашела и останатите поштени генијалци, демократи и антинационалисти.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ