На конференцијата „Следна станица Европа“, по повод Меѓународниот ден на човековите права, во втората сесија „Борбата против криминалот и корупцијата“ учествуваа заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, политичкиот аналитичар и универзитетски професор, Сашо Орданоски и универзитетската професорка Јасна Бачовска.
Кои се најголемите предизвици за нашата земја што се однесува до криминалот и корупцијата? Што успеа новиот владин ресор за борба против корупцијата и криминалот, а што не успеа да постигне за шест месеци? Ќе ја добие ли оваа Влада битката против корупцијата? Европскиот парламент објави студија за дезинформациските кампањи во земјите на Западен Балкан во која се наведува името и презимето на повеќе актуелни ликови во политиката и медиумите. Дали македонските институции имаат капацитет да се борат против хибридните закани? Што ќе се преземе на политички, правен и општествен план за да се санираат тешките последици од дејствувањето на овие лица наведени во Студијата… беа дел од прашањата на кои се зборуваше на втората сесија.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети