пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ
Голема е радоста и останува драг спомен кога студентите ќе ја земаат дипломата во раце. Секој со својата можност и голема желба да продолжи понатаму за побрзо да стекне титула магистер. Некој од постарите генерации кој поради многуте други причини научните магистерски трудови ги бранеа и после неколку години по завршувањето на факултетот. Фактор да не се продолжи беа вработување после завршувањето на високото образование, а најголем пречник за сите тие што сакаа да стекнат титула М-р беа, и се – финансиските средства.
Магистратурата помага да се стекне специјализирано знаење за да се напредува во областа која се студира, истражува. Како што се развива работната сила, постдипломски студии покажуваат дека посветеноста е на подобрување на експертиза и кредибилитет. Може да се фокусира на одредено поле на студии, што помага да се стане поконкурентен во областа која сакаме. Придобивките од магистратура, исто така, можат да помогнат да се надградат тековни способности, нови вештини, па дури и да се премине на целосно ново поле. Со магистратура, може значително да се зголемат приходите. Во просек, вработените со диплома во Соединетите Американски Држави заработуваат 65.400 УСД годишно, додека оние со магистратура заработуваат просечен годишен приход од 80.200 УСД – зголемување за 23 проценти. Но ова е само во западните земји, а во Република Северна Македонија од 2014 година заработка од плата или повисока плата нема за магистри и доктори на науки.
Во измените и дополнувањата на Законот на административни службеници, од 2014 година предложени од Министерството за информатичко општество и администрација, првите две основни компоненти на плата се бришат и сите административци со високо образование, магистри и доктори на науки ќе имаат по 200 бодови, односно ќе имаат исти плати. А претходно платата била пресметувана според степенот на образование. Докторите на науки имаа 250 бодови, магистрите 225, додека тие само со високо образование 200 бодови. Сега сите се на 200 бодови.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 758 лица од кои 1 533 или 87.2% се магистри и 225 или 12.8% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2019 годинa, е намален за 8.2%.
Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2020 година изнесува 58.2%.
Во 2020 година, најголем број од магистерските трудови, 967 или 63%, се од областа на општествените науки, 22% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.
Како што се зголемува процентот на магистри во Република Северна Македонија, така е и големата трка на универзитетите да “уловат” што повеќе студенти кои завршуваат високо образование, за продолжување пост дипломатски студии и да се стекнат со титула магистер “М-р.” А после овој научен степен ниту институциите, ниту Агенција за вработување, ниту Државниот завод за статистика, па се до МИОА, Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија не преземаат никаква обврска за тие што се вработени во државните институции да се покачи платата или бодовите по степен на образование.
Во Агенцијата за вработување за секој завршен степен на образование се пријавуваат сите тие што завршиле основно, средно, високо образование, магистри, доктори, со цел за невработените да се најде соодветна работа, а за вработените да се распоредат по институции според нивното стекнато ниво.
Има голем број кои завршиле пост-дипломски студии и кои со надеж чекаат да се дојде до нивното покажување на нивните знаења во различни области во институциите на државата. Но, дали еден ден ќе се почне со рангирање за вработување и за унапредување и систематизацијата на истите ќе остане пак да се чека.