Тефик Махмут, граѓански активист, на дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите, во своето кратко излагање истакна дека:
„Нема закон што ја регулира правичната и соодветната застапеност на Ромите. Треба да се прави разлика помеѓу овие два термина. Можеби имаме делумна соодветна застапеност но немаме правична застапеност. Би се задржал на два сегменти : немаме ниеден Ром вработен во Министерство за култура, и немаме Роми кои се инкорпорирани во повисоките редови на власта“.