• Latest

Македонија ја заслужи безусловната препорака

April 18, 2018

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија ја заслужи безусловната препорака

April 18, 2018 09:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев.

– Земјата помина долг пат и покрај многуте искушенија и сега е цврсто назад на европскиот пат. Има позитивна промена, обновено чувство на отвореност, енергија и надеж. Се чувствуваат добрите вибрации во земјата и тоа треба се надградува, вели Хан.

Истакна дека Македонија е пример за демократска промена во регионот и оти е импресиониран од направеното во однос на итните реформски приоритети.

– Искрено ви честитам Вам, на Владата, Парламентот и на опозицијата за поддршката на оваа национална цел, рече Хан на заедничката прес-конференција со Заев.

Порача дека реформите не треба да застанат тука туку да продолжат, особено во судството.

Премиерот Заев рече дека добиената чиста препорака е силен мотив за достигнување на тешката, но достижна цел – почнување на преговорите за членство во ЕУ.

– Уште поенергично ќе работиме во јуни да добиеме датум за преговори. Продолжување со суштинските реформи, и по Планот 3-6-9 ќе утврдиме нов план на реформи, истакна Заев.

Тој се заблагодари на земјите од ЕУ  кои ја поддржаа Македонија, како и на македонските граѓани, на НВО секторот и на сите други чинители за заедничките напори.

– ЕК го вреднува сработеното. Во изминатите два извештаја поради политичката криза и заробената држава, препораката беше сиспендирана и условена со демократски реформи и амиент. Годинава препораката е чиста и безусловна. Македонија го задовлува основниот демократски критериум за почеток на преговорите, рече Заев.

Нагласи дека интеграцијата во ЕУ ќе занчи подобра бизнис клима, повисоки плати, подобар живот.


Извор: МИА

Tags: Зоран ЗаевЈоханес Ханпрес конференција
Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ