Македонските граѓани уживаат делумна слобода, оценија од американската невладина организација „Фридом хаус“, во новиот извештај за слободата во светот во 2018-та година. Македонија е наведена како земја чии настани и случувања годинава треба да се следат.
Притоа, се оценува дека демократски избраната и етнички инклузивна влада, се обидува да ја искорени корупцијата, како и другите системски злоупотреби кои се зголемија во според извештајот, со скандали зафатена претходната влада. Тука е и решавањето на „спорот за името“ со Грција која го попречува патот на земјата за членство во Европската унија.
Годинашната оценка Македонија ја дели со Албанија, Косово, Црна Гора и со Босна и Херцеговина. Соседите Бугарија и Србија, заедно со Хрватска, се оценети како слободни држави, а како неслободна земја во наша близина е наведена Турција.
Од вкупно 195 држави, 49 не се слободни, 58 се делумно, а 88 се слободни.
Д.М.