Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вчера прими посета од висока делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, предводена од Заменик генералниот директор за заедничка безбедносна и одбранбена политика, Педро Серано.
Заев информираше дека Владата на Република Македонија ги усвои двата документа поврзани со овие прашања, „Националната стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам“, и „Националната стратегија на Република Македонија за борба против тероризам“, со акциски планови за имплементација на двете стратегии.
Претставниците на Европската служба, посебно признание оддадоа за активностите на Македонија во однос на безбедносните прашања поврзани со борбата против тероризмот и радикалниот екстремизам, како и придонесот на македонските безбедносни служби во однос на мигрантската криза.
Функционерите на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, изразија силна поддршка за идната соработка на ова поле и нагласија дека на Република Македонија и стојат на располагање сите искуства, мерки и поддршка од институциите на ЕУ.
А.П.