• Latest

Македонија на Македонците, но не само на Македонците!

September 14, 2017
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија на Македонците, но не само на Македонците!

September 14, 2017 16:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Една од најекспонираните теми последниве денови во Македонија е Предлог-законот за употреба на јазиците. Јас на социјалните мрежи давав јавна поддршка за овој Предлог-закон и потребата од негово донесување ќе ја бранам и понатаму. Живеам во држава (Канада) во којашто властите во континуитет се трудат да ми овозможат што е можно поголема употреба на мојот мајчин јазик.

Пишува: Ацо Лукаровски

На пример, и за најмала лекарска интервенција (крвна слика, ЕКГ, „диши-не диши“ преглед…), дадено ми е правото да побарам преведувач на македонски јазик. Тој преведувач го плаќа државата Канада. И тоа право го имам на цела територија на Канада, иако Македонци, според последниот попис, има помалку од еден промил. Не процент, туку промил! Ако одам на суд, повторно исто. На пример, не сум застанал со возило пред пешачки премин, па ме забележал полицаец. Меѓутоа, не се сметам за виновен и наместо да платам казна, сум се одлучил за другата опција што ми е на располагање, а тоа е да одам на суд. Во моментот кога закажувам судско рочиште, во образецот што треба да го пополнам, имам право да побарам преведувач за македонски јазик. И државата тоа ми го обезбедува.

Со тоа што Канада ми ги дава тие права, апсолутно не мислам дека на било кој начин се загрозени англискиот или францускиот јазик.

Да се вратам на состојбите во Македонија.

И покрај мојата генерална поддршка, сепак, имам неколку забелешки за предложениот Закон за употреба на јазиците.

Прво, ми пречи тоа што законот се носи во скратена постапка. Самиот факт што оваа тема предизвика голем интерес во јавноста, слушнавме многу ставови, следевме ТВ дебати…, сето тоа е всушност, потврда дека за донесување на законот е сепак, потребно повеќе време. За жал, одредени политички структури, од политички мотиви, вршат притисок овој закон да се донесе пред локалните избори.

Второ, ми пречи тоа што, освен албанскиот, со овој закон не се опфатени и правата на другите етникуми коишто живеат во нашата држава. На пример, зошто со овој закон не се опфатени и Ромите во Шуто Оризари? Или Турците во Центар Жупа? Барем таков впечаток се добива кога се чита Предлог-законот. Читајќи некои делови од него, или ајде, да бидам поконкретен, член 1, став 2 и член 18, став 3, се наметнува впечаток дека се излегува од рамките на Рамковниот договор. И наместо Закон за употреба на јазиците, повеќе ми личи на Закон за форсирана употреба на албанскиот јазик.

Зошто ми пречи ова? Албанците во Македонија со овој закон добиваат повеќе права отколку досега и тука нема ништо спорно. Веќе реков, потребите го налагаат тоа. Но, за нив нема никакво значење доколку се исфрли она „албански јазик“ кое што е ставено во загради, на две места во текстот. Барем од правен аспект нема никакво влијание врз тоа што Албанците треба да го добијат.

И конечно. Доколку со овој Закон за употреба на јазиците се настојува Албанците да се чувствуваат поубаво и порастоварено, мислам дека треба да се извршат неколку ситни интервенции кои што предизвикаа негодување и незадоволство кај многу Македонци. Нема ништо да се постигне доколку товарот од кај Албанците се префрли кај Македонците. Затоа велам дека се потребни интервенции, со коишто нема ништо да се смени во суштината на овој закон.

Да завршам со уште една мисла.

Доколку сакаме, а јасно е дека сакаме, Албанците во Македонија да бидат лојални граѓани и да ја сакаат државата, тоа никогаш нема да се случи доколку во секоја прилика им потенцираме дека ова е „македонска“ земја и дека тие си имаат друга, „нивна“ држава. Од исклучителна важност е да сфатиме дека Македонија е држава на Македонците, но не само на Македонците. И што е најчудно, најголеми противници на идејата Албанците да бидат третирани како рамноправни граѓани во Македонија, се токму оние кои што се најгласни во барањата Македонците да бидат третирани како рамноправни граѓани во соседните држави.

Не е ли тоа класичен пример на хипокризија?

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АлбанцидискриминацијаЗакон за употреба на јазицитејазикМакедонци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ