По повод вчерашните случувањз во Собранието на Република Макеоднија, на Фејсбук страницата, #ПротестирамСАД илезе соопштение за поддршка на демократските процеси во Макеоднија: „Ние, припадниците на #Протестирам во дијаспората, строго ги осудуваме денешните напади врз пратениците во Собранието на Репбулика Македонија. Како граѓани на Македонија, повторно изразуваме загриженост за состојбата во Македонија и продолжуваме да даваме поддршка на сите демократски сили во државата“.
„Бараме јавно од надлежните институции во Република Македонија да отворат истраги за насилниците во Собранието. Остро ја осудуваме полицијата, што неорганизирано и споро делуваше во ситуацијата, како и повиците за насилство од страна на одредени демонстранти на ‘За Заедничка Македонија’ и членови на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Иднината на Македонија зависи од нас, граѓаните. Ние сакаме подобра Македонија, владеење на правото, независно судство, слободни медиуми, демократска власт, прифаќање на различностите, отворено општество, и нова реформска влада која ќе ги стави институциите на здрави нозе и која ќе застане зад работата на СЈО!
Ние не сме за Македонија на насилниците, на новите тврдокорни, на националистите и на поддржувачите на криминалот кои бараат да се спаси една криминална и авторитарна власт што повеќе од една деценија ја уништува Македонија.
Истовремено, сакаме да се оградиме од изјавите на Обединета македонска дијаспора (ОМД), и да потенцираме дека ОМД претставува само еден мал дел од македонската дијаспора а не и поголемиот дел и целата дијаспора.
Да потсетиме…, „од 5-ти мај до крај! За слободна и демократска Македонија!“