• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонија меѓу Пелагонија и Минхен

February 21, 2022
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонија меѓу Пелагонија и Минхен

Нема што многу различно да се очекува од ова што е сега во македонската внатрешна политика во месеците што доаѓаат. Ќе се „давиме“ во секојдневните обвинувања и меѓусебни навреди (во кои убедливо предводи опозицијата), таа атмосфера ќе се пренесува и во Собранието и во јавноста, а што и ако нешто договориме со Бугарите (сега шансите за тоа се навистина опипливи) секако ќе биде прогласено за предавство и национална срамота од страна на опозицијата, односно за продолжување на државниот прогрес што ќе го обезбеди власта. Исто како и пред десет, дваесет и триесет години.

February 21, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Минхенската безбедносна конференција е меѓународен тематски Луна парк за возрасни. Доаѓаат политичари од цел свет и се „возат“ на мултилатералните и билатералните атракции што ги нуди паркот: ролокостери, електрични колички што се судираат на мраз, гаѓање со воздушни пушки, лижење „шеќерни магли“ на стапче, скокање на трамбулини, вртење во рингишпилите со вселенски бродчиња и левитирањето во корпите на големото панорамско тркало. Идејата е малку низ колективните конференциски панели, а многу повеќе низ поединечните средби и дружења по салите за состаноци, низ бифеата и хотелските лобија, разни официјални претставници да си ги „очешаат“ рамењата, да разменат збор-два, да си намигнат, да се сликнат, да договорат нешто за што, инаку, би им биле потребни протоколарни меѓудржавни посети и бројни официјални состаноци по главните градови. Вака, вистински кај-си-ш’о-праиш Луна парк. Годинава на фонот на заканата од руската воена интервенција во Украина, без Русите на конференцијата кои настанот, отприлика, го прогласија за антируска западна пропагандно-политичка платформа.

Бројната македонска делегација, предводена од претседателот и премиерот, на годинешнава Минхенска конференција добро си ја заврши работата. Поединечно и групно се сретнаа, разменија мислења, разговараа со десетици важни и помалку важни државни партнери и поединци од светот на безбедносниот „бизнис“. Уредно бевме известени за ракувањата по ходниците и за разговорите по собите за состаноци, а се направија селфија и фотографии со многу од важните гости на самитот. Во центарот на нашето учество во Минхен беа (1) да бидеме таму каде што, неофицијално, се крои западната политика – годинава имајќи предвид и дека токму ние сме следните претседавачи со ОБСЕ – и (2) да се погрижиме меѓународно да се поддржат македонско-бугарските разговори за наша интеграција во ЕУ во насоката што ја туркаат Петков и Ковачевски.

Додека државниот врв викендов одработуваше во Минхен – добро, не е баш физички напорно како копање ровови за поставување цевки за канализација – и опозицијата дома викендов си одработуваше, копајќи ги рововите и поставувајќи ги партиските цевки за канализација. „Пазарџијата Ковачевски“ по 357 пат (овој месец), на 56-тата промоција на 100-те дена локална власт (а стигнати се само до Пелагонија!) од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше обвинет дека ги распродава националните интереси и „на маса со Бугарија ги нуди македонскиот јазик, историја и постоењето на македонскиот народ во историска и политичка смисла и контекст“. „Оваа кнедла која се подготвува во кујните на заевизмот ќе биде идентитетски разорно за постоење на нашиот народ и држава“, злокобно предупредува Мицкоски.

Тоа се двете лица на македонската политика во еден викенд. И така е отсекогаш во последните триесетина години. За едните меѓународниот фактор, со целата негова комплексност и превртливост, е силен промотор на македонскиот идентитет и државност; за другите меѓународната заедница, од истите причини, е дволичниот двигател за разорување на народот и државата. Со децении тоа се двата доминантни наративи на кои овде се губат и се добиваат избори кај двете најголеми политички формации во државата. ВМРО-ДПМНЕ, практично, зад себе нема ниту еден позначаен меѓународен успех за Македонија, а сите меѓународни промоции на македонските интереси од страна на СДСМ биле постигнувани благодарение на мултиетничката, а не доминантно македонската поддршка на граѓаните.

Оваа „линија на поделба“ веќе го одбележува главниот внатрешнополитички мегдан и во 2022 година, „зачинето“ со конфронтациите околу социјалните и економските теми во државата. Но, ВМРО-ДПМНЕ со право чувствува дека ѝ појде ли на сегашната Влада од рака да го „отвори“ патот кон ЕУ со сегашната стратегија на Петков и Ковачевски во македонско-бугарските односи – патем, симболично „оверена“ и во Минхен макар со нивната подоцна „фотошопирана“ (од страна на Петков) заедничка фотографија со американскиот државен секретар Блинкен – тогаш во годините што доаѓаат освојувањето на националната власт за нив ќе биде ѓаволски тежок проект. Кој, пред монументално да се распадне, се чинеше толку блиску пред стотина дена, по локалните избори.

Затоа, нема што многу различно да се очекува од ова што е сега во македонската внатрешна политика во месеците што доаѓаат. Ќе се „давиме“ во секојдневните обвинувања и меѓусебни навреди (во кои убедливо предводи опозицијата), таа атмосфера ќе се пренесува и во Собранието и во јавноста, а што и ако нешто договориме со Бугарите (сега шансите за тоа се навистина опипливи) секако ќе биде прогласено за предавство и национална срамота од страна на опозицијата, односно за продолжување на државниот прогрес што ќе го обезбеди власта. Исто како и пред десет, дваесет и триесет години.

Но, токму тоа што е исто, а ние и понатаму си постоиме и комотно си се „башкариме“ во нашите валкани домашни политики, говори за тоа дека „предавствата“ никако да се остварат, националната пропаст никако да нѐ стигне, а крајот на македонскиот свет постојано се одлага и, всушност, напредува во спротивната насока. Не е лошо за една земја во која има толку многу колнења и пцовки на сопствена сметка. Имаат Агатангел и Мицкоски причина зошто се загрижени.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ